Денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори во Турската Република Северен Кипар (ТРС)

Процесот на гласање започна наутро во 08:00 часот, а ќе заврши во приквечер во 18:00 часот по локално време

1766898
Денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори во Турската Република Северен Кипар (ТРС)

Започна гласањето на предвремените парламентарни избори во Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Процесот на гласање започна наутро во 08:00 часот, а ќе заврши во приквечер во 18:00 часот по локално време.

На изборите се регистрирани со право на глас 203.792 гласачи кои гласаат во 763 гласачки кутии.

Задолжени се 6.000 лица, вклучително и оние кои работат во Високиот изборен совет (ЈСК) и во окружните избирачки одбори, членови на комисијата за гласачки кутии, претставници назначени од политичките партии и припадници на полицијата.

Политичките партии кои ќе го поминат изборниот праг од 5 отстое имаат право да влезат во Републиканското Собрание составено 50 пратенички места.

Првите неофицијални резултати од изборите се очекува да бидат објавени од страна на објави Високиот изборен совет (ЈСК) вечерва, додека официјалните резултатите по 24 часа од завршувањето на гласањето.

За 50 пратенички места во Републичкото Собрание се натпреваруваат 8 политички партии и 403 кандидати за пратеници, од кои 3 се независни.

Меѓу политичките партии кои учествуваат на изборите се Партијата за национално единство (УБП), Републиканската турска партија (ЏТП), Народната партија (ХП), Општествената  демократска партија (ТДП), Демократската партија (ДП), Партијата за преродба (ЈДП), Општествената ослободителна партија Нови сили (ТКП-ЈГ) и Патот на независноста (БЈ).

 



Слични вести