Реакција од Татар до Кипарско-грчкиот дел за дозволата за отворање претставништво на ПКК/ПЈД

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече: „Ние како Турската Република Северен Кипар (ТРСК) нема да дозволиме такво структуирање во јужниот дел на Лефкоша што е толку блиску до нас и ќе направиме се што е неопходно“

1766567
Реакција од Татар до Кипарско-грчкиот дел за дозволата за отворање претставништво на ПКК/ПЈД

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар реагираше на дадената дозвола од страна на Јужната кипарско-грчка управа на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД  да отвори свое претставништво во јужниот дел на островот.

Тој рече: „Ние како Турската Република Северен Кипар (ТРСК) нема да дозволиме такво структуирање во јужниот дел на Лефкоша што е толку блиску до нас и ќе направиме се што е неопходно.“

Осудувајќи ја остро концентрацијата на активностите на ПКК/ПЈД на кипарско-грчка страна, претседателот Татар нагласи дека треба да биде чудно една земја членка на Европската унија (ЕУ) да и даде дозвола на една терористичка организација како што е ПКК/ПЈД.

Правејќи проценка на издадената дозвола терористичката организација да отвори претставништво во кипарско-грчкиот дел, Татар рече: „Ние како Турската Република Северен Кипар (ТРСК) нема да дозволиме едно такво структуирање во јужниот дел на Лефкоша што е толку блиску до нас и ќе направиме се што е неопходно.“

Татар истакна дека на Кипар се вкоренети две независни држави и го изнесе значењето од заживување (одржување) на државата, а воедно напомена дека мирот на Кипар дојде со зачекорување на турските војници Мехметчик на островот во 1974 година и оттогаш продолжува.

Велејќи „Никој не може да му наметне присилно решение на кипарскиот турски народ“, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар појасни дека не е можно кипарскиот турски народ да се врати на периодот пред 1974 година и дека со сфаќањето за федерално решение се има за цел да се асимилира кипарскиот турски народ од страна на кипарските Грци и да се оддалечи Турција од островот.

 



Слични вести