Додик: За дијалог во Босна и Херцеговина постои потреба од поддршката на Ердоган, Вучиќ и Милановиќ

Српскиот член на Претседателскиот совет на БиХ Милорад Додик изјави за „СРНА“ дека за дијалог на политичарите на ентитетите во БиХ е неопходна поддршката на претседателот Ердоган, српскиот претседател Вучиќ и хрватскиот претседател Милановиќ

1765305
Додик: За дијалог во Босна и Херцеговина постои потреба од поддршката на Ердоган, Вучиќ и Милановиќ

Српскиот член на Претседателскиот совет на Босна и Херцеговина Милорад Додик во дадената изјава за новинската агенција „СРНА“ го изрази своето задоволство од посетата на српскиот претседателк Александар Вучиќ на Турција.

Додик истакна дека за дијалогот на политичарите на ентитетите во Босна и Херцеговина е неопходна поддршката на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, српскиот претседател Александар Вучиќ и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ.

Тој рече: „Задоволен сум и го поддржувам чекорот за „решавање на проблемите во Босна и Херцеговина преку дијалог“ што го поддржуваат и Ердоган и Вучиќ. Им благодарам за тоа.“.

Велејќи дека единственото решение за проблемите во Босна и Херцеговина е дијалогот, Додик рече: „Минатата година, за време на посетата на Ердоган на Босна и Херцеговина, изјавив дека проблемите во Босна и Херцеговина можат да се решат со посредување на претседателот Ердоган, претседателот на Србија Вучиќ и претседателот на Хрватска Милановиќ. И сега сум на истото мислење.“

Инаку, претседателот Ердоган на прес-конференцијата што ја одржа со Вучиќ за време на неговата завчерашна посета на Анкара во врска со ситуацијата во Босна и Херцеговина, го рече следното: „Приодот на трилатераната структура овде кон територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина е од големо значење. И мојот драг пријател Вучиќ и ние правиме сѝ што можеме за да ги надминеме проблемите овде и ќе продолжиме да го правиме тоа.“

Велејќи дека сакаат да ги состанат тројцата лидери на Претседателсството на Босна и Херцеговина по претстојните избори што ќе се одржат во скоро време (во април) во Србија и да се одржи состанок со нив, Ердоган го подвлече и следното: „Со овој приод да ги состанеме тројца лидери на Бошњаците, Хрватите и Србите, во Босна и Херцеговина и да успееме да ја завршиме оваа работа. (Со Вучиќ) Дојдовме до оваа одлука. Се надеваме дека по изборите ќе обезбедиме да се оствари оваа средба. Оваа средба може да се одржи во Белград, а можеби и во Истанбул. Сакаме и овој чекор да го преземеме по брз апостапка. Се согласивме во тоа.“

 



Слични вести