Собранието на Северна Македонија ја изгласа новата Влада предводена од премиерот Ковачевски

На седницата на Собранието на Република Северна Македонија од вкупно 120 пратеници присуствуваа 108 пратеници и со 62 гласа „за“, 46 „против“ и ниту еден воздржан е изгласана новата Влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски

1763458
Собранието на Северна Македонија ја изгласа новата Влада предводена од премиерот Ковачевски
Kuzey Makedonya Yeni Hükümet Kuruldu.jpg
K. Makedonya meclisi.jpg
Kuzey Makedonya Meclisi.jpg

Собранието на Република Северна Македонија по дводневната расправа ја изгласа новата Влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на Република Северна Македонија ја изгласа новата Влада.

На седницата на Собранието за избор на Владата од вкупно 120 присуствуваа 108 пратеници.

За претседател на Владата избран е Димитар Ковачевски, новиот лидер на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Во новата Влада, 11 членови има СДСМ, 6 членови ДУИ, додека 3 се на Алтернатива и 1 на ЛДП.

За прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците избран е пратеникот од ДУИ, Артан Груби.

За вицепремиер за европски прашања избран е Бојан Маричиќ од редовите на СДСМ, досегашен министер за правда, додека за вицепремиер за борба против корупцијата и криминалот, за одржлив развој и човечки ресурси, Славица Грковска, поранешна пратеничка на СДСМ.

За вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции избран е Фатмир Битиќи, актуелен вицепремиер, од редовите на СДСМ.

За министри во новата Влада од редовите на СДСМ избрана е Славјанка Петровска, која ќе раководи со Министерството за одбрана, со чија функција досега раководеше Радмила Шекеринска.

Функцијата министер за внатрешни работи ќе продолжи да ја извршува Оливер Спасовски.

За министер за правда избран е Никола Тупанчевски, професор на Правниот факултет.

За министер за труд и социјална политика избрана е Јована Тренчевска, додека со Министерството за транспорт и врски ќе раководи Благој Бочварски.

За министерка за култура избрана е Бисера Костадиновска Стојчевска од редовите на СДСМ, додека Љупчо Николовски е избран за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Од редовите на ДУИ за министри се избрани Бујар Османи, кој и понатаму ќе раководи со Министерството за надворешни работи; Фатмир Бесими повторно е избран за министер за финансии, како и Крешник Бектеши, досегашниот министер за економија, кој е повторно избран на ова функција.

Јетон Шаќири, кој досега ја извршуваше функцијата министер за информатичко општество и администрација, сега е избран да раководи со Министерството за образование и наука. Со Министерството за животна средина и просторно планирање и понатаму ќе раководи Насер Нуредини од ДУИ.

Новата Влада доби и нов партнер, Алтернатива, со три министерски места. Беким Сали го наследува Венко Филипче како министер за здравство, Адмирим Алити е нов министер за информатичко општество и администрација, а Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспората.

Исто така, за министер за локална самоуправа е избран Горан Милевски од Либерално демократската партија (ЛДП) која е во коалиција со СДСМ.

Според процедурите, за да биде изгласана Владата во Собранието, потребно беше да гласаат мнозинството од пратениците, односно најмалку 61 од вкупно 120 пратеници колку што брои Собранието.

Потсетуваме дека на 23 декември минатата година, Собранието на Северна Македонија ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, која тој ја најави по неуспехот на локалните избори одржани во октомври минатата година на партијата која ја предводеше. Потоа, претседателот на Собранието на Северна Македонија Талат Џафери, го извести претседателот на државата, Стево Пендаровски, дека треба да именува мандатар за состав на нова влада.

На 29 декември минатата година претседателот Пендаровски му го додели мандатот за состав на новата Влада на Ковачевски, кој претходно беше избран на функцијата претседател на владејачката СДСМ, по оставката на Заев.

(Агенција Анадолија-АА)



Слични вести