Новиот премиер на Северна Македонија Ковачевски ја презеде премиерската функција од Заев

Со примопредавањето на функцијата меѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер, утрово и официјално стартуваше првиот работен ден на Димитар Ковачевски како осми македонски премиер

1763860
Новиот премиер на Северна Македонија Ковачевски ја презеде премиерската функција од Заев

Новиот премиер на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Владата официјално ја презеде функцијата и Кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев.

На официјалното примопредавање, досегашниот премиер Зоран Заев упати честитки до новоизбраниот премиер Ковачевски на кој му посака успех во извршувањето на премиерската функција.

Со примопредавањето на функцијата меѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер, утрово и официјално стартуваше првиот работен ден на Димитар Ковачевски, осмиот македонски премиер.

Потсетуваме дека на 23 декември минатата година, Собранието на Северна Македонија ја констатираше оставката на премиерот Зоран Заев, а на 29 декември претседателот Пендаровски му го додели мандатот за состав на новата Влада на Ковачевски, кој претходно беше избран на функцијата претседател на владејачката СДСМ, по оставката на Заев.

Синоќа пред полноќ со 62 гласа „за“, 46 „против“ и ниту еден воздржан Собранието на Република Северна Македонија ја изгласа новата Влада, а за претседател на Владата избран е Димитар Ковачевски. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести