Порака од српскиот претседател Вучиќ од Прибој за единство и слога

Поради актуелната ситуација, претседателот на Србија Александар Вучиќ се состана со раководството на Прибој, со претставниците на бошњачките партии кои учествуваат во власта и претставниците на верските заедници

1761895
Порака од српскиот претседател Вучиќ од Прибој за единство и слога

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, престојуваше во посета на градот Прибој во југозападниот дел на земјата, кадешто за време на прославите на Новата година беа доживеани инциденти со упатување навреди и пеење песни со повик за геноцид врз Бошњаците.

Поради актуелната ситуација, Вучиќ се состана со раководството на Прибој, со претставниците на бошњачките партии кои учествуваат во власта и претставниците на верските заедници.

Српскиот претседател Александар Вучиќ за време на оваа негова посета од овде даде порака за единство, заедништво и слога во Прибој кој се наоѓа во областа Санџак кадешто во мнозинство живее муслиманско население.

Тој истакна престојува во Прибој за да се обиде да ја смири ситуацијата и им порача на Бошњаците од Прибој дека се безбедни во Србија, дека Тој тоа им го гарантира, бидејќи Србија е нивна земја.

„Има многу луди глави, затоа мора да бидеме тие што ќе ја смират тензичната ситуација. Одговорноста на функцијата бара да бидам поостар кон Србите. Државата Србија нема да биде милосрдна кон оние кои им наштетуваат на мирот и единството во земјата. Србија е земја и на Бошњаците. Јас сум Србин, претседател на Србија, но не можам да го замислам Прибој без Бошњаците. Одговорните ќе бидат казнети. Мораме да ги научиме нашите деца да живеат во мир и единство. Гарантирам дека Прибој нема да биде без Бошњаците, бидејќи тие имаат исти права како Србите, нема посилни, сите се еднакви пред законот.“ - порача претседателот на Србија Александар Вучиќ во Прибој.

Тој истакна дека сторителите на инцидентот во Прибој ќе мора да се пресметаат со државата и со сите кои ќе се осмелат да направат кривично дело. Изјави дека Обвинителството ја врши работата во случајот со припадниците на Граничната полиција кои со песни го величеа геноцидот во Сребреница и со тоа ги вознемирија Бошњаците кои живеат во Прибој.

„Против нив, оние кои пееја ’Сјеница ќе биде новата Сребреница, а Нови Пазар, новиот Вуковар‘, ќе биде покрената дисциплинска постапка, тие ќе бидат разместени и од Прибој, а Обвинителството си ја врши работата во тој случај. Постапката се води и кон оние кои пееја ’Божиќ е, пукај во џамиите’. Луѓе, дали сте нормални, смирете ги емоциите, зарем да го рушите она што со години го градиме“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека „секој што сака да пали, убива, пука и коле“ ќе заврши во затвор и продолжи со следните зборови: „Секој што ќе помисли да загрози нечиј живот, куќа, џамија и црква, ќе мора да се справи со државата која нема да има милост и ќе се однесува безмилосно, и затоа ги молам таквите да не ја оспоруваат државата и да не ја тестираат силата на државата.“

„Мораме да ги почитуваме нашите пријатели и сонародници муслимани, да ги почитуваме џамиите, исто како што ги почитуваме манастирите и црквите. Ова е земја на сите Бошњаци и на секој човек подеднакво, како и наша. Не постои поединец посилен од државата, пред законот сите се еднакви, без разлика на името. Тие кои мислат дека ќе го прекршат тоа, пред себе ќе ја најдат државата.“ - порача српскиот претседател Александар Вучиќ.

Инаку, за време на една прослава на новогодишната ноќ на која учествуваа и некои полициски службеници во градот Прибој  во југозападниот дел на Србија, беа пеани провоцирачки и скандалозни навредливи песни за Сјеница и Нови Пазар во областа Санџак кадешто во мнозинство живеат Бошњаци. Овие песни беа споделени и на социјалните медиуми.

 



Слични вести