САД бараат казнување на учесниците на провокативните и неуставни прослави во Република Српска

Во соопштението на Амбасадата на САД во Сараево се истакнува следното: „САД се доста вознемирени од вознемирувачките акти и увеличувањето на воените злосторници во Република Српска во изминатите денови. Властите треба да покренат истрага по ова прашање“

1761045
САД бараат казнување на учесниците на провокативните и неуставни прослави во Република Српска

Соединетите Американски Држави (САД) упатија повик за казнување на оние кои учествуваа во провокативните активности организирани во ентитетот на Република Српска на Босна и Херцеговина минатиот викенд.

Во објавеното соопштение од Амбасадата на САД во Сараево се истакнува следното: „САД се доста вознемирени од вознемирувачките акти и увеличувањето на воените злосторници во Република Српска во изминатите денови. Властите треба да покренат истрага по ова прашање.“

Во соопштението се вели дека владата на Босна и Херцеговина треба да ја воспостави безбедноста на граѓаните кои ги напуштиле своите домови за време на војната во Босна и се вратиле по војната и станале малцинство, а воедно се нагласува и важноста од почитување на Дејтонскиот мировен договор.

Иако беше неуставен „9 јануари Денот на Република Српска“ на овој ден беа одржани прослави во градот Бања Лука во Босна и Херцеговина.

На прославите, освен српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, присуствуваа и уште 2.700 лица, меѓу кои и претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, 800 припадници на полицијата на Република Српска, претседателот на Парламентот на Србија Ивица Дачиќ, премиерката на Србија Ана Брбаниќ, амбасадорот на Русија во Сараево Игор Калбухов и екстремно десничарски француски пратеници.

Во многу градови на Босна и Херцеговина, а особено во Гацко, Фоча, Приједор, Брчко и Јања имаше провокации, вклучувајќи и инциденти и навреди кон Бошњаците и несрпското население.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година на барање на тогашниот член на Претседателството Бакир Изетбеговиќ, пресуди дека „9 јануари Денот на Република Српска“ е во спротивност со уставот на државата.

По оваа одлука, Народното Собрание на Република Српска на 25 септември 2016 година одржа референдум за признавање на „9 јануари Денот на Република Српска“, меѓутоа Уставниот суд на Босна и Херцеговина не го призна овој референдум и донесе забрана за прославите на тој ден.

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ соопшти дека е доставена дипломатска нота до Русија, Кина и Србија кои испратија свои претставници на прославите.

 



Слични вести