Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Средоземното Море југозападно од островот Кипар

На интернет страницата на Управата за управување со елементарни непогоди и итни состојби (АФАД) е соопштено дека во 04:07 часот по турско време во Средоземното Море југозападно од островот Кипар е регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени по Рихтер

1760352
Земјотрес со јачина од 6,4 степени во Средоземното Море југозападно од островот Кипар

Во близина на островот Кипар во Средоземното Море се случи земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер.

Според добиени информации на интернет страницата на Управата за управување со елементарни непогоди и итни состојби (АФАД), во 04:07 часот по турско време во Средоземното Море југозападно од островот Кипар е регистриран земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала.

Како што е установено епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5,06 километри под површината на морето на приближно 134 километри од населеното место Анамур кај градот Мерсин.

Во споделените објави преку социјалните медиуми е забележано дека земјотресот е почувствуван и во градовите Анталија, Мерсин, Хатај, Адана, Испарта, Бурдур и Конја, а поготово на островот Кипар.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека не е утврдена било каква штета во земјотресот во Средоземното Море.

 



Слични вести