Пленковиќ остро ги критикуваше незаконските прослави на „9 јануари Денот на Република Српска“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ истакна дека се против сите сепаратистичките акции коишто можат да се случат во Босна и Херцеговина и остро ги критикуваше прославите на „9 јануари Денот на Република Српска“

1760945
Пленковиќ остро ги критикуваше незаконските прослави на „9 јануари Денот на Република Српска“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Дубровник се состана со потпретседателот на Домот на народите на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина и претседател на Партијата за демократска акција (СДА) Бакир Изетбеговиќ.

Пленковиќ истакна дека се против сите сепаратистичките акции коишто можат да се случат во Босна и Херцеговина.

По остварената средба, хрватскиот премиер Пленковиќ истакна дека со Изетбеговиќ разговарале за прашањата за постигнување консензус за изборните реформи во Босна и Херцеговина и прекин на бојкотите во државните институции.

Пленковиќ остро ги критикуваше незаконските прослави на „9 јануари Денот на Република Српска“ на босанските Срби и го рече следното: „Го осудувам тоа што го слават овој неуставен ден. Ние сме против сите сепаратистички акции коишто можат да се случат во Босна и Херцеговина. Нашиот став во Босна и Херцеговина е земјата да биде функционална.“

На средбата беше поставена на дневен ред и изградбата на гасоводот за природен гас меѓу двете земји.

Иако беше неуставен, „9 јануари Денот на Република Српска“ беше прославен во градот Бања Лука во Босна и Херцеговина, минатиот викенд.

На прославите, освен српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, присуствуваа и уште 2.700 лица, меѓу кои и претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, 800 припадници на полицијата на Република Српска, претседателот на Парламентот на Србија Ивица Дачиќ, премиерката на Србија Ана Брбаниќ, амбасадорот на Русија во Сараево Игор Калбухов и екстремно десничарски француски пратеници.

По ваквиот развој на настаните, министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ соопшти дека е доставена дипломатска нота до Русија, Кина и Србија кои испратија свои претставници на прославите.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година на барање на тогашниот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, го прогласи за неуставен денот на „Република српска“.

 



Слични вести