Дипломатска нота од Босна и Херцеговина до 3 земји во врска со „9 јануари Денот на Република Српска“

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Турковиќ истакна дека официјалното учество на програмата по повод „9 јануари Денот на Република Српска“ значи тешка интервенција во внатрешните работи на Босна и Херцеговина

1760451
Дипломатска нота од Босна и Херцеговина до 3 земји во врска со „9 јануари Денот на Република Српска“

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ соопшти дека им е врачена дипломатска нота на Русија, Кина и Србија кои испратија свои претставници на програмата по повод мезаконското славење на „9 јануари Денот на Република Српска“ во градот Бања Лука.

Турковиќ истакна дека во нотата е нагласено дека официјалното учество на овие прослави значи тешка интервенција во внатрешните работи на Босна и Херцеговина.

Во нотата и се одделува место на одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина којашто беше објавена во Службениот весник и се истакнува дека ваквите акти можат да ги нарушат билатералните односи на наведените земји со Босна и Херцеговина.

Инаку, иако беше во спротивност со Уставот вчера во градот Бања Лука во Босна и Херцеговина беа одржани прослави по повод „9 јануари Денот на Република Српска“.

На овие прослави освен претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ и премиерката на Србија Ана Брнабиќ, учествуваа и амбасадорите на Русија и Кина во Сараево.

Уставниот суд на Босна и Херцеговина во 2015 година на барање на тогашниот член на Претседателството Бакир Изетбеговиќ, пресуди дека „9 јануари Денот на Република Српска“ е во спротивност со уставот на државата.

По оваа одлука, Народното Собрание на Република Српска на 25 септември 2016 година одржа референдум за признавање на „9 јануари Денот на Република Српска“, меѓутоа Уставниот суд на Босна и Херцеговина не го призна овој референдум и донесе забрана за прославите на тој ден.

 


Слични вести