Стапи на сила првиот договор од иницијативата „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија

На 03 јануари 2022 година (вчера) стапи на сила Договорот за соработка во сферата на ветеринарството, безбедноста на храната и фитосанитарната политика потпишан меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, како прв договор од иницијативата „Отворен Балкан“

1756921
Стапи на сила првиот договор од иницијативата „Отворен Балкан“ меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија

Стапи на сила првиот договор од иницијативата „Отворен Балкан“ во која се вклучени Северна Македонија, Албанија и Србија.

Согласно Договорот за соработка во сферата на ветеринарството, безбедноста на храната и фитосанитарната политика потпишан меѓу Северна Македонија, Албанија и Србија, којшто стапи на сила на 03 јануари 2022 година (вчера); намалени се царинските процедури меѓу овие земји во сферите на добиточната храна, храната, ветеринарството и фитосанитарноста.

Анализите на производите ќе се вршат само во земјата на потекло на производот, а на другите граници нема да се вршат физичката контрола и лабораториските тестови.

Договорот се потпиа на признавање на резултатите од лабораториските анализи извршени со акредитирани методи меѓу трите наведени земји кои располагаат со трговски обем од 420 милиони долари.

Овие услови важат само за земјите кои се вклучени во иницијативата „Отворен Балкан“.

Целта на иницијативата „Отворен Балкан“, чии темели беа поставени во 2019 година, е да се ​​зголеми соработката меѓу земјите од Западен Балкан и да се обезбеди да се формира заеднички регионален пазар.

Од 1 јануари 2023 година се планира да се формира заеднички царински систем меѓу земјите-членки.

Лидерите на Северна Македонија, Србија и Албанија, очекуваат поддршка и од Европската унија (ЕУ) за „Отворен Балкан“ кој предвидува интензивирање на соработката во согласност со законодавството на Унијата.

Администрациите на Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора пак, одбиваат да учествуваат во иницијативата со образложение дека таа претставува алтернатива на Берлинскиот процес на патот кон членство во Европската унија (ЕУ).

 



Слични вести