Косово прогласи за непожелна личност еден руски функционер на УНМИК

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала-Шварц информира дека одлуката за прогласување на непожелна личност на еден руски функционер на УНМИК е донесена на барање на косовскиот премиер Албин Курти

1755397
Косово прогласи за непожелна личност еден руски функционер на УНМИК

Косово прогласи за персона нон грата (непожелна личност) еден руски функционер на Мисијата на привремената администрација на Обединетите нации на Косово (УНМИК), поради вршење штетни активности со кои се нарушува националната безбедност на Република Косово.

Косовската министерка за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала-Шварц на својот профил на социјалните мрежи информира дека одлуката за прогласување на непожелна личност на еден руски функционер на Мисијата на привремената администрација на Обединетите нации на Косово (УНМИК), е донесена на барање на косовскиот премиер Албин Курти.

Велејќи дека агенциите за применување на одлуката се информирани институциите за спроведување на законот и надлежните органи, Гервала-Шварц  рече: „Институциите на Република Косово остануваат посветени на борбата против злонамерното влијание на Русија и нејзините претставници во регионот, кои се обидуваат да ги поткопаат успесите на Косово и нашите партнери, особено на Соединетите Американски Држави (САД), НАТО и Европската унија (ЕУ).“

Гервала-Шварц истакна дека Косово ќе продолжи да е во тесна соработка со неговите меѓународни сојузници, а пред се со САД, Европа и НАТО, со цел да се спречат дестабилизирачките напори на Русија во регионот, а воедно нагласи дека Република Косово е одлучна и не може да се одврати од целта да стане членка на НАТО, Европската унија (ЕУ) и потоа на Обединетите нации (ОН).

Инаку, на барање на претседателката Вјоса Османи Косово на 22 октомври прогласи за непожелни личности (персона нон грата) двајца функционери на Русија на задача во Канцеларијата за врски во Косово, поради нивните штетни активности со кои се нарушува националната безбедност и уставниот поредок на Косово.

 



Слични вести