Република Српска го ратификува сепаратистичкиот закон за лекови и медицински средства

Ваквиот развој се оценува како прв конкретен пример за напорите на сепаратистичките Срби за префрлување на овластувањата на државните институции на нивните институции коишто ќе бидат формирани на ниво на ентитет

1754918
Република Српска го ратификува сепаратистичкиот закон за лекови и медицински средства

Република Српска, едниот од двата ентитета во составот на државата Босна и Херцеговина, го ратификува сепаратистичкиот закон за формирање на Институција за лекови и медицински средства.

Со законот, овластувањата на Институцијата за лекови и медицински средства на Босна и Херцеговина, која делува на национално ниво, се префрлени на новата институција која ќе биде формирана во склопот на Република Српска.

Ваквиот развој се оценува како прв конкретен пример за напорите на сепаратистичките Срби за префрлување на овластувањата на државните институции на нивните институции коишто ќе бидат формирани на ниво на ентитет.

Доколку законот не биде поништен од страна на институциите на Босна и Херцеговина или од Канцеларијата на високиот претставник (ОХР), тој ќе стапи на сила по 6 месеци.

Инаку, законот за формирање на Институција за лекови и медицински средства на Република Српска беше усвоен во Собранието на српскиот ентитет во месец октомври.

Пратениците од опозицијата не учествуваа на гласањето со образложение дека со тоа е прекршен Дејтонскиот мировен договор.

Европската унија (ЕУ) исто така повика на прекин на сепаратистичките иницијативи на Република Српска.

Во соопштението на Унијата се истакнува дека Уставот на Босна и Херцеговина не им признава право на ентитетите за еднострано напуштање на државните институции или поништување на законите на државата Босна и Херцеговина.



Слични вести