Предадени куќите кои Турција ги изгради за настраданите во земјотресот во Лач

Еди Рама: Но, тој (Ердоган) веднаш ја понуди сета сила на пријателство и солидарност како да е тука, како да е роден овде, како да пораснал овде и како да е неговиот сопствен народ“

1754064
Предадени куќите кои Турција ги изгради за настраданите во земјотресот во Лач

Куќите што Турција ги изгради за жртвите од земјотресот во градот Лач во Албанија, им беа предадени на семејствата.

На церемонијата на предавање на куќите изградени од Управата за изградба на станови (ТОКИ) присуствуваа албанскиот премиер Еди Рама, турскиот амбасадор во Тирана Мурат Ахмет Јорук, високи албански владини претставници, гости и сопственици на становите.

Премиерот Рама, во својот говор во оваа прилика рече: „Проектот е најзначаен пример за обнова и повторно структуирање за сите албански семејства погодени од земјотресот“.

Објаснувајќи дека со финансирање на албанската влада, се изградени куќи за настраданите од земјотресот и во другите региони, Рама нагласи дека станбениот проект во Лач е завршен со финансиите  на турската влада и директната заложба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, кого го оценува како пријател.

„Но, тој (Ердоган) веднаш ја понуди сета сила на пријателство и солидарност како да е тука, како да е роден овде, како да пораснал овде и како да е неговиот сопствен народ“.

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени што се случи во земјата на 26 ноември 2019 година, животот го загубија 51 лице, а повеќе од 900 лица беа повредени. 202 илјади 291 лице беа погодени од земјотресот кој предизвика околу 17 илјади луѓе да ги напуштат своите домови.



Слични вести