Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, пристигна во посета на Црна Гора

Во рамките на посетата на Црна Гора, се очекува претседателот на турскиот Парламент денес да се состане со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, како и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ

1751527
Претседателот на Собранието Мустафа Шентоп, пристигна во посета на Црна Гора

Претседателот на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, пристигна во посета на Црна Гора.

На аеродромот во главниот црногорски град Подгорица, Шентоп, придружуван од својата делегација, беше пречекан со официјална церемонија од претседателот на Парламентот на Црна Гора, Алекса Бечиќ, амбасадорката на Турција во Црна Гора, Сонѓун Озан, како и од реисот на Исламската верска заедница на Црна Гора, Рифат Фејзиќ, и други членови на делегацијата.

Во рамките на посетата на Црна Гора, се очекува претседателот на турскиот Парламент денес да се состане со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, како и со црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ.

Предвидено е во текот на утрешниот ден Шентоп да оствари средба и со црногорскиот колега Бечиќ во Парламентот на Црна Гора, со кој ќе потпише Протокол за меѓупарламентарна соработка, а исто така најавена е и нивна заедничка прес-конференција.

Пред посетата на Црна Гора, Шентоп оствари посета на Србија, во рамките на која се состана со претставниците на државниот врв.

Потсетуваме, на 21 декември, Шентоп престојуваше во посета на Северна Македонија, каде што се состана со претставниците на државниот врв, а присуствуваше и на централната манифестација по повод 21 Декември - Денот на наставата на турски јазик во Северна Македонија.



Слични вести