Вучиќ го прими Шентоп: „Односите на Србија и Турција на историско највисоко ниво“

Шентоп: „Турските компании на најдобар начин ќе придонесат за растот на српската економија

1751085
Вучиќ го прими Шентоп: „Односите на Србија и Турција на историско највисоко ниво“

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска го прими претседателот на Големото народно собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој ги пренесе поздравите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и констатира дека токму добриот однос на двајцата шефови придонел односите на Србија и Турција да бидат на историско највисоко ниво, пренесува Агенција Анадолија (АА.

„Возвраќајќи ги поздравите, претседателот Вучиќ констатира дека билатералните односи го одликуваат интензивниот политички дијалог и дека е сѐ поизразена економската соработка, особено преку инвестициите на компаниите од Турција, како и преку учеството во различни инфраструктурни проекти во Србија“, се соопштува од Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија.

Шентоп додаде дека се надева оти турските компании на најдобар начин ќе придонесат за растот на српската економија. На средбата беше изразено очекување дека околностите наскоро ќе овозможат нова седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција, бидејќи тие седници секогаш даваат силен поттик за соработка на различни полиња.

„Двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу парламентите на Србија и Турција е значајна поддршка за развојот на билатералните односи. Тие се согласија и дека е многу важно двете земји да придонесат за одржување на мирот и стабилноста во регионот“, се вели во соопштението.



Слични вести