Мустафа Шентоп присуствуваше на приемот по повод Денот на наставата на турски јазик

Турција придава големо значење на продолжувањето на турското образование во Северна Македонија, со негово подобрување

1750824
Мустафа Шентоп присуствуваше на приемот по повод Денот на наставата на турски јазик
SENTOP_MAKEDONYA_21_ARALIK_3.jpg
SENTOP_MAKEDONYA_21_ARALIK_4.jpg
SENTOP_MAKEDONYA_21_ARALIK_2.jpg

Претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, присуствуваше на приемот по повод Денот на наставата на турски јазик, што се одржа во Скопје, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со поддршка на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Институтот Јунус Емре (YEE), приемот го организираше Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ).

Покрај претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп, на приемот присуствуваа претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат џафери, првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија Артан Груби, министерка за образование и наука, Мила Царовска, потпретседателот на ТИКА Махмут Чевик, поранешниот претседател на Уставниот суд на Северна Македонија Салих Мурат, амбасадорoт на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, претставници на турските институции и организации од двете земји, парламентарци, партиски лидери, академици, наставници и други гости.

Шентоп во своето обраќање на приемот го изрази своето задоволство што е во земјата по повод 21 декември, Денот на наставата на турски јазик, кој е официјален празник на Турците кои живеат во Северна Македонија.

Шентоп, пренесувајќи ги поздравите на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на пратениците во Големото национално собрание на Турција и сите негови браќа во Турција, потсети дека и претходната година учествувал на приемот.

Опишувајќи го јазикот како најважниот елемент што ги поврзува луѓето, и најважното средство за пренесување на емоциите, Шентоп рече дека јазикот никогаш не може да се сведе само на алатка за комуникација.

Истакнувајќи дека јазикот е најосновниот елемент што една заедница ја прави да биде народ, Шентоп продолжи со зборовите: „Нема народ што нема свој јазик. Затоа што културите, културните наследства и историите на народите што ги создале низ времето се обликуваат, добиваат значење и се носат во иднината преку јазикот. Ние сме народ благодарение на нашиот турски јазик и сме опстојувале низ историјата заедно со турскиот јазик. Видовме и искусивме дека турскиот јазик е јазик на мирот и отсега понатаму ќе продолжи да биде јазик на мирот.“

„Нашите сонародници кои живеат во Западна Тракија се спречени да користат турски јазик“

 

Нагласувајќи дека она што се случи во различните земји на Балканот останува во сеќавањето на турското општество, Шентоп рече:

„И за жал, незадоволството и притисоците врз турскиот јазик сѐ уште продолжуваат во некои земји, особено во Грција. Денес, во секоја прилика, нашите сонародниците кои живеат во Западна Тракија се спречени да користат турскиот јазик, дури се забранува употребата и на зборот ‘турски‘.“

Посочувајќи дека состојбата во Северна Македонија е неспоредливо подобра, Шентоп рече дека денес правата на Турците се загарантирани со Уставот и дека Турците овде се прифатени како рамноправни и граѓани основачи на Северна Македонија.

Потсетувајќи дека наставата на турски јазик е уставно право во Северна Македонија, Шентоп додаде:

„Би сакал да повторам дека признавањето на правата на Турците во Македонија исто како и на другите заедници во однос на јазикот е несомнено многу важен и голем чекор. Но, од време на време настануваат одредени проблеми и тешкотии во користењето на некои законски признати можности во пракса. Слушаме и дознаваме дека одвреме-навреме има одредени нарушувања во однос на наставата на турски јазик. Тажни сме поради затворањето на училиштата кои спроведуваат образование на турски јазик во некои региони на Македонија во изминатите години со образложение дека нема доволно ученици. Исто така тажни сме и поради укинувањето на турскиот јазик во некои училишта. Проблемите како што се неотворање настава по турски јазик во селата и покрај тоа што има доволно турско население која е во образовната возраст, неубедливите барања за отворање на одделенија поднесени пред општините и неименувањето на наставници по турски јазик се прашања кои бараат постојано внимание и следење. И нашиот почитуван претседател и јас како претседател на Големото национално собрание на Турција, ова прашање го поставивме на агендата на сите наши официјални средби меѓу двете земји.“

- „Ние како Турција придаваме големо значење на продолжувањето на турското образование во Северна Македонија, со негово подобрување“

Потенцирајќи дека Балканот и Северна Македонија се земјите во кои се развива турскиот јазик и во кои се родиле и израснале голем број имиња кои го збогатиле турскиот јазик, Шентоп потсети дека овие простори се сретнале со турскиот јазик во 4 век со доаѓањето на Хуните, а подоцна и на Аварите, Узите, Кипчаците и Печенезите.

Зборувајќи дека со цивилизацијата што ја воспоставиле Османлиите овде, турскиот станал постојан во овие простори и станал еден од најважните културни јазици, Шентоп посочи дека ако се отстранат имињата што изразнале на Балканот и кои го дале својот придонес за турскиот јазик и литература, ќе настане голема празнина во турскиот јазик и литература.

Зборувајќи дека во класичната турска книжевност, позната како отоманска поезија, поетите од Румелија и од Македонија имаат посебно место и значење, Шентоп продолжи со зборовите:

„Веџди од Дебар, Бали од Ѓевгелија, Скопјанецот Ата, Исхак Челеби, Хајалти, Хајрети, Ташлиџали Јахја, Јениџели Усули, Џелал Беј, Фирдуси и фактот дека многу литературни дејци, кои овде не можам да ги набројам, потекнуваат од Македонија, е многу значајно за да се покаже како турскиот се укоренил и се развивал во овие краишта. Според големиот историчар и книжевен историчар Фуад Ќопрулу, Скопје и Манастир се водечките места во османлиската културна географија од кои произлегле најголемиот број поети. Како што се приближуваме кон денешницара, оваа ефикасност не се намалува, напротив, се зголемува. Кога ќе се споменат Северна Македонија и Скопје, не може да се заборави големиот поет и интелектуалец, покојниот Јахја Кемал. Фактот дека Јахја Кемал, големиот и многу важен поет и идеолог, е роден на овие простори, а своето творештво го продолжил во Турција, е една од најубавите и најважните точки на нашата историја. Патем, сакам да наведам дека куќата во која е роден големиот поет Јахја Кемал е реставрирана и претворена во културен центар. Секој камен, гранка и агол на овој град имаат голем удел во формирањето на книжевната личност и интелектуалниот свет на овој голем поет, кој е роден овде под името Ахмет Агах и тука ги поминал најдобрите 18 години од својот живот во периодот од 1884 до 1902 година. Откако го напушти Скопје како ‘птица-селица’, како што го опишува Ахмет Хамди Танпинар, неговиот најзначаен ученик, на своето патување низ Солун, Истанбул, Париз, Варшава, Мадрид, Лисабон и Пакистан, тој никогаш не ги напушти Скопје и Македонија во своите мисли и сеќавања. ‘Дури и кога бев во Париз, онака спонтано, имаше моменти кога чувствував дека повикот за молитва во Скопје ми одекнуваше во ушите како спомен и ме ставаше во состојба на носталгија… Впрочем, овие гласови во ниту еден момент не ме напуштија сиот мој живот’, се зборови со кои тој ја изрази својата љубов и копнеж кон овој град.“

Истакнувајќи дека турскиот јазик и 21 декември - Денот на наставата на турски јазик се прифатени од Турците во Северна Македонија, Шентоп истакна дека за него голема гордост и среќа претставува фактот дека турскиот јазик го знаат и малите и старите генерации, продолжи со зборовите:

„Ние како Турција придаваме големо значење на продолжувањето на турското образование во Северна Македонија, со негово подобрување. Веруваме дека продолжувањето на турскиот јазик во Северна Македонија е од витално значење за зацврстување на братството на овие простори, културното богатсто на земјата богатство и зајакнување на политичка моќ на земјата. Како што споменав претходно, Република Турција е секогаш подготвена да ја продолжи соработката со вас и со релевантните органи со цел да обезбеди турското образование во Северна Македонија да продолжи непречено и ефикасно со сите нејзини институции.“

Во рамките на програмата беа доделени подароци на првите три места на конкурсот во категориите поезија, проза и цртеж на тема „Турски јазик, од Румелија до Туркменистан“ организиран од МАТУСИТЕБ, со поддршка на ТИКА.



Слични вести