ЕУ отвори 4 нови поглавја од претпристапните преговори со Србија

Во објавеното писмено соопштение од страна на Европскиот совет по конференцијата, се истакнува дека Европската унија (ЕУ) го отвори кластерот 4 - „Зелена агенда и одржливата поврзаност“ со Србија

1747416
ЕУ отвори 4 нови поглавја од претпристапните преговори со Србија

Европската унија (ЕУ) соопшти дека во рамките на претпристапните преговори со Србија се отворени 4 нови поглавја.

Во Брисел, главниот град на Белгија се одржа 13. Конференција за пристапување меѓу ЕУ и Србија.

Во објавеното писмено соопштение од страна на Европскиот совет по конференцијата, се истакнува дека Европската унија (ЕУ) го отвори кластерот 4 - „Зелена агенда и одржливата поврзаност“ со Србија.

Предметниот кластер опфаќа четири нови погалвја во преговорите со Србија и тоа поглавјата 14-Транспортна политика, 15-Енергија, 21-Трансевропски мрежи и 27-Животна средина и климатски промени.

На тој начина Србија отвори вкупно 22 поглавја од претпристапните преговори за члество во Европската унија (ЕУ).

Србија на 1 март 2012 година доби статус на земја кандидат за влез во Европската унија (ЕУ) и за привремено затвори две од поглавјата.

Европскиот совет во мај одлучи да ги групира поглавјата од преговорите во шест кластери за да им помогне на земјите кандидати да ги забрзаат своите подготовки.

 



Слични вести