Претседателот Ерсин Татар повторно стави акцент на суверената еднаквост на островот Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека никогаш не бегале од преговори и повторно стави акцент на суверената еднаквост на Кипар и на фактот дека на островот постојат две држави

1745438
Претседателот Ерсин Татар повторно стави акцент на суверената еднаквост на островот Кипар

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар пред неговиот состанок со Колин Стјуарт, новоименуваниот специјален претставник на Обединетите нации (ОН) за Кипар, даде изјава за Турската радио и телевизија (ТРТ).

Татар истакна дека никогаш не бегале од преговори и повторно стави акцент на фактот дека на островот постојат две држави.

Велејќи дека најпрвин ќе му раскаже на Стјуарт за вистините на Кипар, претседателот Татар рече: „Како што изнесов за прв пат во Женева, Швајцарија на 27-29 април, ние во секоја прилика се обидуваме да објасниме дека за да може да се премине на официјални преговори треба да бидат прифатени нашата суверена еднаквост и нашиот еднаков меѓународен статус.“

Татар ја нагласи суверената еднаквост и напомена дека за да може да започне нов преговарачки процес треба да биде изградена правилно основата.

Тој истакна дека им придава сила целосната поддршка на Турција на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и го рече следното: „Во последните години е покрената голема борба и пред се турската Влада и Турција под лидерство и раководство на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, ги даваат и потребните пораки до целиот свет по сите овие прашања.“

Осврнувајќи се и на неправедните претензии на кипарско-грчката двојка во Источниот Медитеран, Татар појасни дека тие не се истоветуваат со меѓународното право.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече дека на 14 декември во тампон зоната ќе одржи средба со лидерот на кипарските Грци Никос Анастасиадис и подвлече дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) никогаш не бега од средби и контакти.

 



Слични вести