Министерот за внатрешни работи Сојлу се состана во Истанбул со неговиот српски колега Вулин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу истакна дека соработката меѓу земјите носи заеднички ум, динамика и заедничка одбрана од опасностите

1737794
Министерот за внатрешни работи Сојлу се состана во Истанбул со неговиот српски колега Вулин

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу вчера во Истанбул се состана на ручек со српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Во говорот што го одржа овде министерот Сојлу истакна дека соработката меѓу земјите носи заеднички ум, динамика и заедничка одбрана од опасностите.

Тој рече: „Во тој поглед особено искрената соработка што ја презентираат нашиот почитуван претседател и почитуваниот претседател на Србија (Александар Вучиќ) создава искрена соработка и многу силни ветришта и во регионот и на просторите околу нас. Се соочуваме со бројни прашања како што се тероризмот, прекуграничните кривични дела и злосторства, дрогаа, борбата против организираните криминални организации и сајбер криминалот. Нашите сфери на соработка во однос на сето тоа се од многу широк обем“.

Нагласувајќи дека е започната многу добра соработка и со „Проектот по патот на татковината“, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Нашите полицајци се таму зима и лето. Тоа го правиме и во Унгарија. Го слушнавме задоволството на Србија во Унгарија. Испраќаме 50 полицајци во Унгарија. И за криумчарењец на дрога и за пружање полесна услуга за нашите возила.“

Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин пак, истакна дека со придонесот и на претседателите Ердоган и Вучиќ се доживува историски врв во пријателските односи.

„Драгоцените односи, дијалогот, соработката и пријателството на двајцата ценети претседатели се од големо значење како за нашите земји, така и за регионот. На ист начин нивниот добар дијалог станува спомен обележје на стабилноста на Балканот. Ние живееме овде, и нашите деца ќе живеатовде. Она што ни треба се мир и спокојство.“

 



Слични вести