Експлозија во фабрика за ракети и муниција во Белград

Во магацинот од 260 квадратни метри во фабриката има 500 ракети од по 30 килограми експлозив.

1738157
Експлозија во фабрика за ракети и муниција во Белград

 

Двајца работници загинаа во експлозија во фабрика за производство на ракети и воена муниција во Белград, главниот град на Србија.

Во фабриката се случија повеќекратни експлозии, додека чадот покри голем дел од градот. На местото на настанот беа испратени голем број полицајци и пожарникари.

Во инцидентот каде животот го загубија 2 работници, повредени се 16 работници. Не е објавено соопштение за причината за експлозијата.

Поради можна опасност од експлозија, зголемени се безбедносните мерки околу фабриката.

Меѓу информациите се наведува дека во магацинот од 260 квадратни метри во фабриката има 500 ракети од по 30 килограми експлозив.



Слични вести