Во сообраќајната несреќа во Бугарија загинаа 46 лица

Патнички автобус со северномакедонска регистерска табличка се запалил откако удрил во бариерата покрај патот во атарот на селото Боснек, западно од Софија

1737263
Во сообраќајната несреќа во Бугарија загинаа 46 лица

Според првите сознанија, во пожарот што избувна во патнички автобус со регистарска табличка на  Северна Македонија во западниот дел на Софија, главниот град на Бугарија, изгореле 46 лица.

Според вестите на приватниот телевизиски канал НОВА, патнички автобус со северномакедонска регистерска табличка се запалил откако удрил во бариерата покрај патот во атарот на селото Боснек, западно од Софија.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот „Струма“, според првите сознанија, изгореа 46 северномакедонски државјани, од кои 12 деца. 7 повредени лица се пренесени во болница во Софија.



Слични вести