Столтенберг: Буди сериозна загриженост провокативната реторика во Република Српска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Кривокапиќ истакна дека го поддржуваат единството на Босна и Херцеговина и дека буди сериозна загриженост провокативната реторика во Република Српска

1737772
Столтенберг: Буди сериозна загриженост провокативната реторика во Република Српска

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во штабот на Алијансата во Брисел се состана со премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ со кого потоа одржаа и заедничка прес-конференција.

Столтенберг овде истакна дека го поддржуваат единството на Босна и Херцеговина и дека буди сериозна загриженост провокативната реторика во Република Српска.

Велејќи дека со Кривокапиќ ја разгледале ситуацијата во Западен Балкан, Јенс Столтенберг рече: „Сојузниците силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Затоа, провокативната реторика во Република Србија предизвикува сериозна загриженост.“

Тој својот говор го продолжи со следните зборови: „Обединетите структури на Босна и Херцеговина се значајни за стабилноста на земјата. Во тој поглед особено се важни Вооружените сили, како една од најсилните мултиетнички институции во земјата. НАТО останува посветен на својот силен политички дијалог и практичната соработка со Босна и Херцеговина и продолжува да ги поддржува реформските напори на земјата.“

 

Столтенберг појасни дека Црна Гора од 2017 година е членка на НАТО која придонесува за стабилноста на регионот и дека Алијансата тоа го дочекува со задоволство.

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, исто така истакна дека Црна Гора е доверлив партнер и дека од 2024 година ќе ги зголеми своите трошоци за одбрана и придонеси во НАТО.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се осврна и на воената концентрација на Русија во близина на границата со Украина во врска со што истакна дека  Сојузот продолжува одблизу и со внимателност да ја следи ситуацијата.

Тој рече: „Ја повикуваме Русија да престане со нејзините провокации, да ја намали тензијата и да биде транспарентна по прашањето на нејзините воени активности.“

 



Слични вести