Актуелниот претседател Румен Радев победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија

„Алфа рисрч“ соопшти дека Радев и потпретседателката Илијана Јотова добиле 63,9 отсто од гласовите

1736976
Актуелниот претседател Румен Радев победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија

Актуелниот претседател Румен Радев победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија кои се одржаа вчера, покажуваат излезните анкети.

„Алфа рисрч“ соопшти дека Радев и потпретседателката Илијана Јотова добиле 63,9 отсто од гласовите, додека ректорот на софискиот универзитет Анастас Герџиков и полковник Невјана Митева освоиле 33,1 отсто.

Вкупно 3 отсто од гласачите не поддржале ниту еден од кандидатите.

Од 6,66 милиони регистрирани гласачи во Бугарија, гласале само 2,5 милиони гласачи, а излезноста на изборите изнесува 33,7 отсто.

Во првиот круг од изборите, од Турција дојдоа вкупно 90.000 гласови, додека во вториот круг гласаа околу 23.000.

Излезноста на гласачите беше само 40,2 отсто и ниту еден кандидат не собра повеќе од половина од гласовите во првиот круг од изборите.

Мустафа Карадаи, лидерот на партијата Движење за права и слободи, единствениот кандидат што ги претставува етничките Турци и останатите муслимани, беше трет во првиот круг со 11,5 отсто од гласовите.

Над 6,6 милиони граѓани беа пријавени за гласање на 13.200 избирачки места во Бугарија и 750 центри во 67 други земји.

Во Турција, дом на многу бугарски државјани со двојно државјанство, беа отворени 58 избирачки места за вчерашните избори.



Слични вести