Втор круг од претседателските избори во Бугарија: Во трка се Румен Радев и Анастас Герџиков

Во вториот круг од претседателските избори трката се води помеѓу актуелниот претседател Румен Радев и неговата помошничка Илијана Јотова и ректорот на Софискиот универзитет проф. д-р Анастас Герџиков и неговата помошничка полковник Невјана Митева

1736555
Втор круг од претседателските избори во Бугарија: Во трка се Румен Радев и Анастас Герџиков

Денеска повеќе од 6 милиони 660 илјади регистрирани гласачи кои живеат во Бугарија и во странство гласаат во вториот круг од претседателските избори на кои се натпреваруваат двајцата кандидати со најмголем број освоени гласови во првиот круг, а тоа се актуелниот претседател Румен Радев и неговата помошничка потпретседателката Илијана Јотова и ректорот на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Софија проф. д-р Анастас Герџиков и неговата помошничка потпретседателка полковник Невјана Митева.

Гласањето се одвива во 13.200 изборни места во Бугарија и 750 изборни места во 67 земји во странство.

За Турците по потекло од Бугарија кои живеат во Турција и кои имаат двојно државјанство и во Турција се поставени 126 гласачки кутии во 58 центри.

Во првиот круг од изборите на кои процентот на излезеност остана на 40,23 отсто, двојката Радев-Јотова освои 49,42 отсто од гласовите, а двојката Герџиков-Митева 22,83 отсто.

Со свој кандидат за претседател на Бугарија од турско потекло во првиот круг од изборите учествуваа и Турците и муслиманите кои сочинуваат околу 10 отсто од населението во Бугарија.

Претседателот на Движењето за права и слободи во кое мнозинството од членовите го сочинуваат Турци Мустафа Карадаји во првиот круг од изборите освоие 11,57 отсто од гласовите на бирачите.

Вториот круг од гласањето ќе заврши во 20:00 часот по локално време.

 

 



Слични вести