Турската Република Северан Кипар (ТРСК) свечено ја одбележа 38-годишнината од своето формирање

Претседателот на Турската Република Северан Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече: Ако денеска имаме татковина на која формиравме држава и на која живееме слободно, тоа е благодарение на муџахедините и на турските војници Мехметџик“

1734293
Турската Република Северан Кипар (ТРСК) свечено ја одбележа 38-годишнината од своето формирање

Турската Република Северан Кипар (ТРСК) вчера свечено ја одбележа 38-годишнината од своето формирање.

Претседателот на Турската Република Северан Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во говорот што го одржа на свеченоста што беше приредена во главниот град Лефкоша по повод одбележувањето на 38-годишнината од формирањето истакна дека со голема радост се слави 38-годишнината од формирањето на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) на крајот на една борба за поносно постоење и со една голема и неприкосновена пожртвуваност. 

Татар рече: „Ако денеска како кипарско турски народ можеме слободно да живееме во нашата сопствена татковина, со кренати глави и достоинствено, тоа им го должиме на нашиот херојски народ, нашите шехиди (паднати броци), нашите газии (ветерани), нашите национални херои, нашите славни предци од доктор Фазил Ќучук до Рауф Раиф Денкташ и на нашата татковина Република Турција кои без двоумење ја платија секоја сметка за тоа. Радосно и поносно е тоа што во секоја фаза од оваа племенита/благородна борба беа секогаш со нас неприкосновената поддршка и помош на големата турска нација чиј сме нераскинлив и неразделен дел. /... /  Ако денеска имаме татковина на која формиравме држава и на која живееме слободно, тоа е благодарение на муџахедините и на турските војници Мехметџик.“

Подвлекувајќи дека е исцрпен моделот на „федерација“ кој претставува веќе подолго од половина век ја претставува основата во преговорите и дека тоа им е пренесено на највисоко ниво на релевантните меѓународни страни, Ерсин Татар го рече следното: „

„Регистриран е и нашиот официјален став дека нема да влеземе во преговарачки процес додека не бидат прифатени нашата суверена еднаквост и еднаков меѓународен статус. Праведно и одржливо решение на Кипар може да се постигне само на основа на вистината за постоење на две држави и еднаков меѓународен статус и суверена еднаквост на двете страни“.

Татар им се заблагодари на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, на потпретседателот Фуат Октај и на сите државни функционери кои и ја даваат секој вид поддршка на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во решавањето на епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и на сите проблеми.

Нагласувајќи дека како кипарски труски народ се одлучни да застанат во одбрана на своите права во морињата околу островот Кипар, претседателот на Турската Република Северан Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече дека се благодарни и за одлучната поддршка на нивната татковина Турција во оваа насока.

 



Слични вести