Во Косово завршија локалните избори

излезноста на изборите изнесуваше 37,8%

1734115
Во Косово завршија локалните избори

Централната изборна комисија во Косово ги објави неофицијалните резултати од вториот круг од локалните избори што се одржаа вчера.

Според тоа, излезноста на изборите изнесуваше 37,8%.

Победник во вториот круг на локалните избори во Косово, на кои се натпреваруваа 42 кандидати за 21 општина, беше Демократската партија на Косово (ПДК). ПДК извојува победа на изборите во 9 општини.

Владејачката партија, Движењето „Самоопределување“ (ЛВВ), предводена од премиерот Албин Курти, на изборите победи само во 4 од 12 општини во кои се натпреваруваше во вториот круг.

Победник на изборите во главниот град Приштина беше Демократската лига на Косово (ЛДК). Партијата во вториот круг освои вкупно 3 градоначалници.

Партијата Нисма освои 1 градоначалничко место, партијата Алијанса за иднината на Косово (ААК) победи на изборите во 3 општини.

Во Мамуша, единствената турска општина во Косово, кандидатот на Демократската турска партија на Косово, Абдулхади Красниќ, е реизбран за градоначалник.

Првиот круг од локалните избори во Косово се одржа на 17 октомври.



Слични вести