Ноќ на Елиф Елмас

Северна Македонија го победи Исланд со 3-1 и се пласираше во баражот за СП 2022

1733780
Ноќ на Елиф Елмас

Елиф Елмас со 2-та гола што ги постигна на натпреварот од групата J за европските квалификации за Светското првенство во фудбал 2022 година, Северна Македонија го победи Исланд со 3-1.

Во рамките на европската квалификациска група Ј во Светското првенство ФИФА 2022 година, Северна Македонија беше домаќин на Исланд.

Македонија победи со 3-1 и се пласираше во баражот за СП.

Елиф Елмас со двата гола што ги постигна во 65-та и 86-та минута, удри белег на синоќешниот натпревар и продолжи да ја носи својата земја во натамошниот пласман.

Првиот гол на Македонија го постигна Алиоски.

Единствениот гол на натпреварот за Исланд го постигна Јон Дагур Торстеинсон, додека Јоханесен во во 79-та минута доби црвен картон.

Останатите резултати во групата Ј се следни:

Лихтенштајн 0-2 Романија

Ерменија 1-4 Германија

Северна Македонија 3-1 Исланд

По овие резултати, Германија директно учествува на Светското првенство во 2022 година, додека Северна Македонија се пласираше во плеј-офот.



Слични вести