Втор круг од локалните избори во Косово

Во вториот круг 1 милион 260 илјади 571 гласач ќе можат да гласаат во 575 изборни центри во 1.638 гласачки места кои ќе бидат отворени од 07:00 до 19:00 часот по локално време

1733576
Втор круг од локалните избори во Косово

 

Народот на Косово утрово почна да гласа на вториот круг од локалните избори за избор на 21 градоначалник.

Гласачите излегоа на гласање од 07:00 часот по локално време.

Во вториот круг 1 милион 260 илјади 571 гласач ќе можат да гласаат во 575 изборни центри во 1.638 гласачки места кои ќе бидат отворени до 19:00 часот по локално време.

Во првиот круг беа избрани градоначалници на 17 општини.

Денеска, во вториот круг пак, кандидатите за градоначалници на партиите се натпреваруваат за 21 општина меѓу кои и главниот град Приштина.

Првиот круг од локалните избори во Косово за избор на 38 градоначалници и советници на општински собранија се одржа на 17 октомври.

Движењето „Самоопределување“, кое на парламентарните избори на 14 февруари годинава убедливо победи со над 50 отсто од гласовите, во првиот круг од локалните избори не освои ниту една општина. Нивните кандидати денеска се натпреваруваат во 12 општини, меѓу кои и најголемите, Приштина и Призрен, во кои на 17 октомври освоија најмногу гласови.

Кандидатите од Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) се натпреваруваат во девет општини, Демократската партија на Косово (ПДК) во осум и Алијансата за иднината на Косово (ААК) во пет општини.

Гласачите повторно ќе излезат на гласање и во Ѓаковица, Глоговац, Гњилане, Драгаш, Исток, Качаник, Клина, Косово Поље, Каменица, Обилиќ, Ораховац, Подуево, Штимље, Витина, Вучитрн, Малишева, Јуник, Мамуша и Клокот.

Клокот е единствената од десетте општини со српско мнозинство во која кандидатот на Српската листа не победи во првиот круг.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани градоначалници во 17 општини.

Излезноста на гласачите во првиот круг изнесуваше 43,13 отсто.

Мандатот на градоначалниците и советниците на општинските собранија трае четири години.

Ова се седми локални избори од завршувањето на војната во Косово во 1999 година, но е петти пат како градоначалниците се избираат непосредно на избори.

 



Слични вести