Претседателски и предвремени парламентарни избори во Бугарија

На изборите за претседател се натпреваруваат 23 кандидати за претседател и 23 кандидати за потпретседател на државата, а на предвремените парламентрани избори учествуваат 25 политички партии и коалиции со 5.016 кандидати

1733575
Претседателски и предвремени парламентарни избори во Бугарија

Граѓаните на Бугарија со право на глас денеска гласаат и на претседателските и на предвремените парламентарни избори.

На изборите за претседател се натпреваруваат 23 кандидати за претседател и 23 кандидати за потпретседател на државата.

На предвремените парламентрани избори пак учествуваат 25 политички партии и коалиции со 5.016 кандидати.

За прв пат на претседателските избори за кандидат за нов претседател на Бугарија е кандидиран и Мустафа Карадаји, лидерот на Партијата за права и слободи во која мнозинството го сочинуваат Турци и муслимани.

И мигрантите од Бугарија кои имаат двојно државјанство можат да гласаат во 58 центри за гласање во Турција.

Поголемиот дел од гласовите се очекува да го споделат актуелниот претседател Румен Радев и кандидатот на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија Анастас Герџиков.

Се предвидува дека двајцата кандидати ќе се натпреваруваат во вториот круг од гласањето што ќе се одржи на 21 ноември.

Во меѓувреме, анкетите предвидуваат дека Мустафа Карадаји, лидерот на Партијата за права и слободи ќе освои некаде околу 10 отсто од гласовите на бирачите.

Според анкетите, само 6 политички партии ќе можат да го поминат изборниот праг од 4 отсто колку што се неопходни за влез во парламентот.

Расистичките и екстремно националистичките сили во земјата пак, се очекува да останат под прагот.

 



Слични вести