Церемонија во Амбасадата на Турција во Скопје по повод 83. годишнина од смртта на Ататурк

На комеморативната церемонија што се одржа во резиденцијата на Амбасадата на Турција во Скопје присуствуваа амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, вработените во Амбасадата и претставници на турските институции и организации во Северна Македонија

1732270
Церемонија во Амбасадата на Турција во Скопје по повод 83. годишнина од смртта на Ататурк
T.C. Üsküp Büyükelçiliği Atatürk'ü Anma Töreni1.jpg
kktc 10 kasim anma.jpg
T.C. Üsküp Büyükelçiliği Atatürk'ü Anma Töreni2.jpg
avustralya 10 kasim.jpg
pakistan 10 kasim.jpg

Амбасадата на Турција во Скопје приреди комеморативна церемонија по повод 10 ноември - Денот на сеќавање на Ататурк на 83. годишнина од смртта на големиот лидер и основоположник на Република Турција Мустафа Ќемал Ататурк.

На комеморативната церемонија што се одржа во резиденцијата на Амбасадата присуствуваа амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, вработените во Амбасадата и претставници на турските институции и организации во Северна Македонија.

Церемонијата започна точно во 09:05 часот моментот кога почина големиот лидер Ататурк со оддавање почит со двоминутно молчење и интонирање на Националната химна на Турција.

Првиот секретар на Амбасадата во Скопје Мухамед Челиккаја во говорот што го одржа во оваа пригода истакна дека со почит, благодарност и милост ја одбележуваат 83. годишнина од смртта на основоположникот на Република Турција Мустафа Кемал Ататурк.

Церемонии во чест на сеќавање на основоположникот на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк на 83. годишнина од неговата смрт се одржаа и во другите надворешни претставништва на Турција во странство како и во родната куќа на Ататурк во градот Солун во Грција.

На одржаните комеморативни церемонии во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) во главниот град Лефкоша присуствуваше и државниот врв на чело со претседателот Ерсин Татар.

На церемонијата во главниот град на Азербејџан, Баку, учествуваа амбасадорот на Турција во Баку Џахит Багџи, вработените во Амбасадата, претставниците на турските институции и учениците на турските образовни институции во Азербејџан.

По оддадената почит со двоминутно молчење во 09:05 часот моментот кога почина Ататурк турското знаме на зградата на Амбасадата во Баку беше симнато на половина копје. 

По повод одбележувањето на 83. годишнина од смртта на Ататурк беше одржана комеморативна церемонија и во главниот град на Пакистан, Исламабад.

На церемонијата во Амбасадата на Турција во Исламабад во рамките на 10 ноември - Денот на сеќавање на Ататурк присуствуваа амбасадорот Ихсан Мустафа Јурдакул, вработените во Амбасадата и претставници на турските институции во оваа земја.

Церемонии за сеќавање на Ататурк беа одржани и во главниот град на Казахстан, Нурсултан, во градот Ербил во Ирак и во други градови во различни земји во светот кадешто му беше оддадена почит на големиот лидер Ататурк и беше интонирана Националната химна на Турција.

Адреса на комеморативната церемонија во главниот град на Кина, Пекинг, исто така беше Амбасадата на Турција, а на која беше прикажано кусо видео со специјални снимки на големиот лидер Ататурк.

Во рамките на церемонијата бистата на Ататурк во дворот на Амбасадата беше украсена со цвеќиња.

Церемонии во чест на големиот лидер и основоположник на Република Турција Гази Мустафа Кемал Ататурк по повод одбележувањето на 83. годишнина од неговата смрт беа одржани и во Австралија, во главниот град Канбера и во Сиднеј, Мелбурн и Бризбан. 

Церемонијата во градот Бризбан се одржа пред споменикот на Ататурк.

 



Слични вести