Повик од ЕУ за ставање крај на сепаратистичките реторики во Босна и Херцеговина

Петер Стано, едниот од портпаролите на Европската комисија истакна дека се сериозно загрижени за ситуацијата во Босна и Херцеговина и дека ЕУ и САД водат активности за изнаоѓање решение на кризата во земјата

1728938
Повик од ЕУ за ставање крај на сепаратистичките реторики во Босна и Херцеговина

Европската унија (ЕУ) соопшти дека ескалацијата на политичката криза во Босна и Херцеговина по сепаратистичките реторики на српскиот лидер Милорад Додик е извор на сериозна загриженост и дека треба да се стави крај на сепаратистичките реторики.

Петер Стано, едниот од портпаролите на Европската комисија (ЕК), на одржаната дневна прес-конференција истакна дека се сериозно загрижени за ситуацијата во Босна и Херцеговина и дека Европската унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД) водат активности за изнаоѓање решение на кризата во земјата.

Велејќи дека внимателно ги следат и дискусиите што ќе се одржат во врска со ова прашање во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), Стано рече дека се надеваат ноти ќе биде продолжена воената мисија предводена од ЕУ, операцијата Алтеа.

Тој рече: „Треба престане секоја сепаратистичка реторика. Треба да престанат и едностраните акции кои ќе го доведат во опасност територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина. Треба да започнеме со политички дијалог. Ова е единствениот конструктивен начин што ќе ни овозможи да ја решиме кризата меѓу политичките лидери, преку дијалог.“

Стано информира дека ЕУ се обврза да ги поддржи политичките лидери во Босна и Херцеговина за решавање на кризата.

Инаку, српските власти одлучија да го бојкотираат донесувањето на законот од страна на поранешниот висок претставник Валентин Инцко со кој негирањето на геноцидот ќе се смета за кривично дело и на тој начин тоа предизвика политичка криза во земјата.

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик рече дека доколку не се врати назад на оригиналот на Дејтонскиот мировен договор со кој беше ставено крај на војната во 1992-1995 година, Република Српска (РС), едниот од двата ентитета во земјата ќе прогласи независност, со што се зголеми политичката криза.

 



Слични вести