ДИК: Во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалнички места, СДСМ и ДУИ по седум

Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните резултати од вториот круг локални избори: ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалнички места, СДСМ 7, ДУИ 7, Албанците-Алтернатива и Беса по две и по едно градоначалничко место ДПА, ГРОМ и ЛДП-ДОМ

1727300
ДИК: Во вториот круг ВМРО-ДПМНЕ освои 20 градоначалнички места, СДСМ и ДУИ по седум
kuzey makedonya seçim.jpg
Kuzey Makedonya Yerel Seçimler.jpg

По првиот круг од локалните избори во Северна Македонија на 17 октомври на кои беа избрани градоначалници на 34 општини, вчера се одржа и вториот круг за избор на градоначалници во 44 општини.

Во вториот круг од локалните избори имаа право на глас 1 милион 353 илјади 990 гласачи кои гласаа во вкупно 2.481 избирачко место.

Според Државната изборна комисија (ДИК) од чија страна се објавени првичните неофицијални резултати, во вториот круг најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ има освоено градоначалнички места во 20 општини, владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) во 7, Демократската унија за интеграција (ДУИ) во 7, Алијанса за Албанците-Алтернатива и БЕСА по две, а по едно градоначалничко место освоија Демократската партија на Албанците (ДПА), ГРОМ и Коалицијата ЛДП-ДОМ.

Во вториот круг победија и независната кандидатка за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, независниот кандидат Максим Димитриевски во Куманово и независниот кандидат во Дебарца Зоран Ногачески.

Првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија, покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ освои градоначалнички места во: Пехчево, Ново Село, Кочани, Василево, Конче, Радовиш, Македонска Каменица, Кратово, Ранковце, Гевгелија, Лозово, Зелениково, Брвеница, Вевчани, Охрид, Ресен, Битола, Демир Хисар, Македонски Брод и во Градот Скопје.

СДСМ во вториот круг од локалните избори ги освои градоначалничките позиции во: Центар, Чучер Сандево, Старо Нагоричане, Пробиштип, Демир Капија, Росоман и Чашка.

ДУИ победи во општините Чаир, Арачиново, Теарце, Боговиње, Кичево, Долнени и Струга.

Политичката партија БЕСА победи во Тетово и Желино, а две градоначалнички места освои коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива и тоа во Гостивар и Врапчиште.

ГРОМ победи во Карпош, додека партијата ДПА во општина Студеничани.

Според прелиминарните резултати од Државната изборна комисија (ДИК), во скопската општина Шуто Оризари води досегашниот градоначалник Курто Дудуш од коалицијата ЛДП/ДОМ пред кандидатот на СДСМ.

- Премиерот Зоран Заев поднесе оставка од функцијата премиер и претседател на СДСМ

Премиерот на Северна Македонија и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев, откако не ги постигна очекуваните резултати од вториот круг на локалните избори, соопшти дека поднесува оставка од функцијата премиер и претседател на СДСМ.

На одржаната прес-конференција по завршувањето на процесот на гласање, заедно со кандидатот за градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов, премиерот Заев нагласи дека ја презема одговорноста врз себе за резултатите од изборите.

Тој рече: „Поснедувам оставка од функцијата премиер и претседател на СДСМ.“

Честитајќи им на опонентите за постигнатиот успех на локалните избори, Заев истакна дека лично ќе остане дел од партијата.

За време на изборната кампања, премиерот Зоран Заев вети дека ќе даде оставка доколку кандидатот од неговата партија Петер Шилегов не победи локалните избори за Град Скопје.

Во првиот круг од локалните избори на 17 октомври од вкупно 80 општини и Град Скопје беа избрани 34 градоначалници од кои најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ освои 22 градоначалнички места, СДСМ 9 и 3 градоначалнички места Демократската унија за интеграција (ДУИ).

 



Слични вести