ДИК ги објави прелиминарните резултати од вториот кург од локалните избори во Северна Македонија

Во Северна Македонија вчера се одржа вториот круг од локалните избори во 44 општини и во Град Скопје, откако во првиот круг одржан на 17 октомври беа избрани градоначалници на 34 други општини

1727583
ДИК ги објави прелиминарните резултати од вториот кург од локалните избори во Северна Македонија

На официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија се објавени прелиминарните резултати од вториот круг на локалните избори што се одржаа вчера.

Од вкупно 80 општини и Град Скопје, вчера за градоначалник се гласаше во 44 општини и во Град Скопје, откако во првиот круг одржан на 17 октомври беа избрани градоначалници на 34 други општини.

Вчера немаше гласање за градоначалник во две општини, Маврово Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не беше исполнет законскиот цензус за гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

За овие две општини ДИК ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус.

Според првичните резултати од вториот круг што ги објави ДИК, опозициската ВМРО-ДПМНЕ победила во 20 општини, меѓу кои и неколку значајни градови, како што се Охрид и Битола.

Во трката за градоначалник на Град Скопје победи независната кандидатка Данела Арсовска, поддржана воглавно од ВМРО-ДПМНЕ.

Според првичните резултати, владејачката Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) победи во 7 општини, исто колку и нејзиниот коалицициски партнер, Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива победија во 3 општини, иако во една од нив, односно во Дебар, ќе има втор круг бидејќи вчера имаше повторување на гласањето на првиот круг, согласно со одлуката на Управниот суд.

Во две општини победија независни кандидати, а во две други Движењето БЕСА. Дополнително, по една општина освоија: Демократската партија на Албанците (ДПА), Либерал-демократската партија (ЛДП) и Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ).

Ако на прелиминарните резултати од вториот круг се додадат и конечните резултати од првиот круг, опозициската ВМРО-ДПМНЕ има освоено вкупно 42 општини, додека владејачката СДСМ, 16 општини.

Поради овие резултати, претседателот на СДСМ, воедно и премиер на Северна Македонија, Зоран Заев, синоќа на прес-конференција соопшти дека поднесува оставка од премиерската и партиската функција, нагласувајќи дека тој ја презема одговорноста за лошите резултати.

Ова беа седми локални избори во Северна Македонија.

Првите беа одржани во 1990 година, а последните локални избори во земјата се одржаа во 2017 година. (Агенција Анадолија-АА)

 



Слични вести