ДИК: И покрај одредени технички проблеми изборите започнаа навреме и гласањето продолжува непречено

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија Александар Даштевски на денешната прва прес-конференција рече дека во одредени случаи се појавиле технички проблеми кои се решени и дека процесот на гласање продолжува непречено

1727058
ДИК: И покрај одредени технички проблеми изборите започнаа навреме и гласањето продолжува непречено

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија Александар Даштевски, информираше дека гласањето на вториот круг од локалните избори во сите избирачки места започнало навреме.

Даштевски на денешната прва прес-конференција рече дека во одредени случаи се појавиле технички проблеми кои се решени и дека процесот на гласање продолжува непречено.

За првпат на локалните избори се користат терминалите за биометриска идентификација на гласачите, што предизвика технички проблеми и во првиот круг од изборите.

Даштевски рече дека вкупно 1.598 набљудувачи биле акредитирани од ДИК за набљудување на вториот круг од гласањето.

Исто така, тој рече дека во случај гласањето да биде прекинато на кое било избирачко место или ако имало доцнење повеќе од еден час, ова време може да се надомести по 19:00 часот, кога е предвидено затворањето на избирачките места.

Во Северна Македонија денеска се одржува вториот круг од седмите локални избори во 44 општини и во Град Скопје, на кои своето право на глас ќе можат да го остварат 1.353.990 лица на вкупно 2.481 избирачко место.

Во првиот круг, одржан на 17 октомври, беа избрани градоначалници на 34 општини.

Ова се седми локални избори во Северна Македонија на кои ќе се избираат нови локални лидери во следните четири години. Последните локални избори во земјава се одржаа во 2017 година. (Агенција Анадолија-AA).



Слични вести