Хулуси Акар оствари средба со српскиот колега Небојша Стефановиќ

Мирот и стабилноста на Балканот се меѓу приоритетите на Турција

1726269
Хулуси Акар оствари средба со српскиот колега Небојша Стефановиќ
hulusi akar nebojsa stefanovic gorusme.jpg

 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во Анкара оствари средба со вицепремиерот и министер за одбрана на Република Србија, Небојша Стефановиќ.

Министерот Акар, во Министерството за национална одбрана, Стефановиќ го пречека со воена церемонија.

Двајцата министри најпрвин одржаа тет-а-тет средба, а потоа претседаваа со разговорите меѓу делегациите.

На средбите беа разменети мислења за билатералната и регионалната одбрана, безбедноста и соработката во одбранбената индустрија.

Хулуси Акар рече дека во рамката што ја подготвија претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Србија Александар Вучиќ, интензивно ќе продолжи развојот на односите меѓу двете земји за одбрана и безбедност.

Истакнувајќи дека дијалогот меѓу Турција и Србија придонесува за мирот и стабилноста на регионот, Акар истакна дека мирот и стабилноста на Балканот се меѓу приоритетите на Турција.



Слични вести