Косово прогласи за непожелни лица двајца руски дипломати

Претседателката на Косово Вјоса Османи рече дека двајцата руски дипломати вршеле активности со коишто биле прекршени националната безбедност и уставниот поредок на Косово

1724068
Косово прогласи за непожелни лица двајца руски дипломати

Косово прогласи за „персона нон грата“ (непожелни лица) двајца руски дипломати на задача во Привремената администрација на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК).

Одлуката ја соопшти претседателката на Косово Вјоса Османи.

Османи рече дека двајцата руски дипломати вршеле активности со коишто биле прекршени националната безбедност и уставниот поредок на Косово.

Првата реакција на оваа одлука пристигна од Амбасадата на Русија во Србија.

Во објавеното соопштение од Канцеларијата за печат на Амбасадата се истакнува дека Русија не ја признава независноста на Косово.

Во соопштението се вели дека одлуката нема одредена законска санкција и се потсетува на одлуката на Обединетите нации (ОН).

Во соопштението се нагласува дека не може да се прифати обидот за спречување на активностите на дипломатите акредитирани од страна на Привремената администрација на Мисијата на Обединетите нации на Косово (УНМИК).

Еден од руските дипломати прогласен за „персона нон грата“ (непожелно лице) беше депортиран од страна на Албанија во месец јануари, поради кршење на епидемиските мерки.

 



Слични вести