Татар: Како суверена држава можеме да склучиме секој вид договор со Турција

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар истакна дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како суверена држава може да склучи секој вид договор со Турција

1723224
Татар: Како суверена држава можеме да склучиме секој вид договор со Турција

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар учествуваше на конференцијата на тема „Борбата за опстанок на кипарските Турци“ во организација на Институтот за регионални студии при Универзиттеот за социјални науки во Анкара.

Во говорот што го одржа овде, осврнувајќи се на случувањата во Источниот Медитеран претседателот Татар го нагласи значењето на двете одделни еднакви држави на Кипар и привлече внимание дека турската војска го воспостави мирот на островот.

Татар истакна дека Турската Република Северен Кипар (ТРСК) како суверена држава може да склучи секој вид договор со Турција.

Велејќи дека кипарско-грчкиот дел се уште продолжува да се наоружува, Ерсин Татар рече: „Играта е да се земе под опсада Турција. Играта е да се направи турскиот народ малцинство и со текот на времето островот да се направи грчки остров. Ниту еден кипарски Турчин нема и не може да прифати да престане гаранторството на Турција и да се повлече турската војска од Кипар. Тоа е отворено и јасно. На Кипар има две одделни еднакви суверени држави, состојбата е таа. Ако јас сум суверена држава, Можеме да склучиме секој вид договор со татковината Турција“.

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар исто така нагласи дека од 1974 година на Кипар никому не му крварил ниту носот и го додаде следното: „Бидејќи, турската војска таму го воспостави мирот, ѝ за кипарските Турци, ѝ за кипарските Грци. Тоа што денеска кипарските Грци влегоа и се наоѓаат во Европската унија (ЕУ), ја развија нивната економија, успеаја да го направат тоа поради тоа што од тој ден досега постои мир на Кипар.“

 



Слични вести