Вархелји: Србија ги исполнува критериумите за отворање на уште две нови поглавја во преговорите

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархелји Вархелји: Србија ги исполнува критериумите за отворање на две нови поглавја во преговорите

1722087
Вархелји: Србија ги исполнува критериумите за отворање на уште две нови поглавја во преговорите

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархелји соопшти дека Србија ги исполнува критериумите за отворање на две нови поглавја во пристапните преговори, и тоа третото поглавје „Конкурентност и раст“ и четвртото поглавје „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

Вархелји, во своето излагање во Комитетот за надворешни односи во Европскиот парламент (ЕП) во врска со пакетот за проширување и извештаите за земји истакна дека Западен Балкан е дел од Европа и го рече следното: „Европската унија (ЕУ) нема да биде комплетирана без Западен Балкан.“

Велејќи дека процесот на членство на 6 земји во регионот се одвива позитивно, Вархелји подвлече дека во сфери како што се владеењето на правото, слободата на изразување и печатот и борбата против сиромаштијата пак, се уште има пат којшто треба да се помине.

Вархелји информира дека Србија која им придава приоритет на реформите на патот за членство во Европската унија (ЕУ) ги исполнува критериумите за отворање на уште две нови поглавја во пристапните преговори, и тоа третото поглавје „Конкурентност и раст“ и четвртото поглавје „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархелји нагласи дека Србија треба да постигне напредок по прашањата на владеењето на правото и нормализирањето на односите со Косово.

 



Слични вести