Сите се прогласија за победници на локалните избори во Република Северна Mакедонија

Автор на програмата е Ремзи ЏАНОВА, новинар во Скопје

1722366
Сите се прогласија за победници на локалните избори во Република Северна Mакедонија

 

Вво неделава која измина, во Република Северна Македонија се одржаа локални избори, кои поминаа во горчливиот вкус на кампањата пред изборите. Како и досега, било да е на локални или парламентарни избори, и на овие локални избори не недостасуваа обострани обвинувања за поткуп, за некакви црни ќеси, затаени долгови, нерегуларности во гласањето и слични обвинувања. Дел од кандидатите кои најавуваа дека со „чист образ“ влегуваат во изборната трка за локалната власт, се најдоа под канонада обвинувања за злоупотреби. Но, веројатно најсилен печат на овие избори удрија две работи: Едната е дека еден претставник на една политичка партија, пријавил до американската амбасада во Скопје дека наводно власта ослободила речиси 400 (четиристотини) криминалци од затвор кои ги наоружала, се со цел да влијаат врз резултатите на изборите. Но, по преземените активности се утврди дека нема такво нешто и дека пријавата која најверојатно е поднесена од страна на некој претставник на главната опозициона партија, излезе како без основа.

Другата работа која удри печат на овие локални избори, сигурно е прв пат примената на Уредите за биометриска идентификација на гласачите, сепак, не функционираат беспрекорно, како што се очекуваше. На социјалните мрежи имаше актуелни поплаки од гласачи кои сведочеа за своите негативни искуства.

Изборната трка за локалните избори во Северна Македонија започна со ветувања за позитивна кампања, а заврши со обвинувања за поткуп, криминал, затаени долгови, злоупотреби  и заплашувања. Дел од кандидатите кои најавуваа дека со „чист образ“ влегуваат во изборната трка за локалната власт, се најдоа под канонада обвинувања за злоупотреби. Отровни стрели фрчеа и меѓу главните политички опоненти - СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, но и меѓу партиите од албанскиот табор. На мета на негативната кампања се најдоа и дел од независните кандидати, а не изостанаа ниту закани и најави за тужби против клевета.

Интересно е, верувале или не, но од 143 кандидати за градоначалници на двете најголеми партии, само осум беа жени. Целосна еманципација на мажите. Според статистичките податоци, бројот на жените и мажите во РСМ е приближно еднаков. Но, она што природата го „уредила“, општеството не го потврди со кандидатурите на локалните избори. Малку повисoка е застапеноста на жените на листите за советници во општинските совети, но само затоа што тоа е законски предвидено со одредби во Изборниот законик. Сепак, ако се спореди процентот на жени што се номинирани како носителки на листите на советници, бројот на жените исто така е помал во однос на мажите.

Со најмногу гласачки ливчиња на изборниот ден се справија граѓаните кои живеат во скопските општини. Тие гласаа на четири избирачки ливчиња: за градоначалник на Град Скопје, за градоначалник на нивната општина, за членови на Советот на Град Скопје, и за членови на Советот во нивната општина. Досега во „оправдувањата“за малиот број кандидирани жени за градоначалнички, како примарна се сметаше нивната наводна незаинтересираност за учество во креирањето на јавните политики на локално ниво. На второ место беше рангирано непостоењето на политичка волја за вклучување на жените во политичкиот живот, на трето - непостоење на организирано женско делување за подобрување на состојбата на локално ниво, и како последно - стереотипите за местото и улогата на жената, особено во руралните средини. Имено, сѐ уште преовладува мислењето дека местото на жената е во домаќинството и во посветеност на грижа за семејството, додека јавните работи во заедницата се одговорност на мажот.

Изборите беа мониторирани од 1.045 акредитирани набљудувачи и преведувачи, од кои 714 се домашни, а другите странски, но процесот ќе биде и под лупа на обвинителство. Јавното обвинителство ја информираше јавноста дека преку формираната привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности (поврзани со извршување на кривични дела против изборите и гласањето, како и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори), во континуитет ги следеа случувањата поврзани со изборниот процес.

 



Слични вести