Ниска стапка на вакцинација против Ковид-19 во земјите од Западен Балкан

Северна Македонија со популација од 2 милиони жители спаѓа во земјите од Балканот со ниска стапка на вакцинација. Досега во земјата се администрирани 1.563.000 дози вакцина, од кои 764.953 лица се вакцинирани со две дози

1722525
Ниска стапка на вакцинација против Ковид-19 во земјите од Западен Балкан

Додека западнобалканските земји Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово и Србија имаат стапка на вакцинација против Ковид-19 под 50 %, останатите земји од регионот, Хрватска, Црна Гора и Словенија, успеаја да ја надминат таа бројка, пишува Агенција Анадолија (АА).

Северна Македонија со популација од 2 милиони жители спаѓа во земјите од Балканот со ниска стапка на вакцинација. Досега во земјата се администрирани 1.563.000 дози вакцина, од кои 764.953 лица се вакцинирани со две дози.

Во Северна Македонија во која со двојна доза се вакцинирани 35 % од населението, во сила е задолжително носење заштитна маска при влез во затворени простории, како што се трговски центри и ресторани, приложување на негативен ПЦР-тест, сертификат за ванкцинација или документ за прележан Ковид-19.

При влез во земјата се бара приложување на негативен ПЦР-тест или сертификат за вакцинација, а лицата што нема да го сторат тоа, остануваат во карантин пет дена.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 197.669, од кои починаа 6.978 заразени.

Во Босна и Херцеговина која уште од почетокот на пандемијата има проблеми со снабдувањето на вакцините и во моментов против Ковид-19 се вакцинирани 15 % од населението, со двојна доза досега се вакцинирани 508.000 луѓе, што претставува најниска стапка на вакцинација на Балканот.

Во Федерацијата Босна и Херцеговина (ФБИХ) и Република Српска (РС), државата со две федерални единици и население од приближно 3,5 милиони, во која процесот на вакцинација продолжува, досега се администрирани 1.024.000 вакцини.

Во Босна и Херцеговина, каде што бројот на новозаразени на дневна основа е околу 200, вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 245.791, додека од последици на коронавирусот починаа 11.228 лица.

Во Албанија каде што се администрирани 1.836.000 дози на вакцини, досега се вакцинирани 30 % од населението на земјата, при што 857.201 лице ги примиле и двете дози вакцина.

Во Албанија, со популација од околу 3 милиони жители, во сила е полициски час во траење од 23:00 до 6:00 часот и задолжително носење маска во затворени простории. Бројката на случаи на коронавирусот во земјата се зголеми на 178.804, од кои битката со вирусот ја изгубија 2.841 лице.

Во Косово со популација од 1,8 милиони жители досега се вакцинирани 37 % од населението, при што администрирани се 1.507. 000 вакцини. Двете дози на вакцината ја примиле 665.265 лица.

Властите наведуваат дека 60 % од населението ќе бидат вакцинирани до крајот на годината. Во Косово во сила е полициски час во период од 22:30 до 5:00 часот. Бројот на лица позитивни на коронавирусот во земјата изнесува 160.558, од кои починаа 2.974 заразени.

Во Србија досега се детектирани 1.062.000 лица позитивни на Ковид-19, од кои животот го загубија 9.214 заразени.

Во оваа земја со популација од 7 милиони жители, во која Ковид-19 сѐ повеќе почнува да се забележува кај бремените жени и децата, досега се аплицирани 6.068.000 дози на вакцина. Со втора доза против коронавирусот се вакцинирани 42 % од населението, односно 2.930.000 луѓе.

Во исто време, во Хрватска, која е членка на Европската Унија (ЕУ), вакцинирани се 55 % од населението.

Посочувајќи дека во оваа земјата се администрирани 3.524.000 дози на вакцини, 1.682.000 луѓе се вакцинирани со две дози.

Во Хрватска, во која досега се детектирани 429.974 лица позитивни на Ковид-19, починаа 8.928 лица.

Во Хрватска, земја со популација од 4 милиони жители, забележан е процентуален раст на лицата позитивни на коронавирусот во однос на изминатите недели.

Друга земја која надмина 50 % во вакцинацијата е Црна Гора, со популација од 620.000 жители. Во земјата во која се вакцинирани 51 % од населението, 234.725 лица примиле втора доза на вакцина против Ковид-19.

Додека здравствените експерти истакнуваат дека епидемијата во земјата ќе се стави под контрола со вакцинација на уште 200.000 лица, вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Црна Гора изнесува 138.607, од кои починаа 2.042 заразени.

Во Словенија, членка на ЕУ, која на Балканот се истакнува со протестите против вакцинацијата, против Ковид-19 се вакцинирани 50 % од населението.

Во земјата со приближно 2 милиони жители администрирани се 2.021.000 дози вакцина, при што 1.007.000 лица примиле две дози од вакцината.

Во Словенија од неодамна почна да расте бројот на новозаразени на дневна основа, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 310.170, од кои битката со вирусот ја загубија 4.645 заразени.

Словенија, каде што при дневните тестирања од јануари досега откриени се над 30 % позитивни случаи на коронавирусот, премиерот Јанез Јанша истакна дека бројката на новозарзени се зголемува поради протестите што се спроведуваат во редовни интервали, почнувајќи од септември.

Во Словенија потребен е сертификат за вакцинација против Ковид-19 или негативен ПЦР-тест за користење на јавен превоз, при пазарење или влез во јавни институции.

 



Слични вести