Граѓаните на Северна Македонија гласаат на локалните избори

Првиот круг од седмите локални избори во Северна Македонија се одржува во 80 општини и во Град Скопје, додека вториот круг е закажан за две недели подоцна, на 31 октомври

1720685
Граѓаните на Северна Македонија гласаат на локалните избори
Kuzey Makedonya'da Yerel Seçimler.jpg
Kuzey Makedonya Yerel Seçimler.jpg
makedonya secim.jpg

Утринава во 07:00 часот се отворија гласачките места со што официјално започна гласањето на седмите локални избори во Северна Македонија, на коишто 1.824.864 лица до 19 часот вечерва ќе можат да го остварат своето право на глас во вкупно 3.480 избирачки места низ земјата.

Првиот круг од седмите локални избори во Северна Македонија се одржува во 80 општини и во Град Скопје, додека вториот круг е закажан за две недели подоцна, на 31 октомври.

На овие локални избори учествуваат вкупно 299 кандидати за градоначалници и 572 листи со вкупно 10.532 кандидати за членови на општинските совети, со мандат од четири години.

Свои кандидати имаат коалиции, политички партии, како и независни кандидати, кои се потврдени од страна на Државната изборна комисија (ДИК).

Изборната кампања започна на 27 септември, а заврши на 15 октомври на полноќ. Според Изборниот законик на Северна Македонија, избирачкото право вчера го остварија лицата во казнено-поправните установи, старите и немоќни лица, внатрешнораселените како и лицата заразени со Ковид-19 и оние во изолација. Според податоците на ДИК, вкупно гласале 10.653 гласачи.

На овие избори, за првпат, се користат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст.

Исто така, ДИК формира специјални избирачки одбори во општините каде што се пријавени голем број луѓе заразени со Ковид-19 и за лица во изолација, со цел да се спречи ширењето на пандемијата за време на изборниот процес.

Ова се седми локални избори во Северна Македонија, првите беа одржани во 1990 година, а последните локални избори во земјата се одржаа во 2017 година. (Агенција Анадолиј-АА)



Слични вести