Денеска во Северна Македонија се одржуваат локални избори

Право на глас на денешните локални избори имаат 1 милион 824 илјади 864 лица кои ќе можат да изберат помеѓу 303 листи на градоначалници и 567 листи за советници

1720614
Денеска во Северна Македонија се одржуваат локални избори
Kuzey Makedonya.jpg
makedonya seçimler 2016.jpg

Денеска (17 октомври 2021 година, недела) во Република Северна Македонија се одржува првиот круг од локалните избори на кои граѓаните ќе изберат градоначалници на 80 општини и членови на општински совети, како и градоначалник на Град Скопје и членови на Градскиот совет.

Право на глас на денешните локални избори имаат 1 милион 824 илјади 864 лица кои ќе можат да изберат меѓу 299 кандидати за градоначалници и 572 листи со вкупно 10.532 кандидати за членови на општинските совети, со мандат од четири години.

На изборите се гласа во вкупно 3.480 избирачки места.

Гласањето започна во 07:00 часот, а ќе заврши во 19:00 часот кога ќе бидат затворени избирачките места.

Карактеристика на овие избори е и големиот број независни кандидати за градоначалници или членови на општински совети, поддржани од здруженија на граѓани и граѓански организации.

Според објавените статистички податоци на интернет страницата на Државната изборна комисија (ДИК) од пријавените учесници за изборите 56,13 отсто се мажи, а 43, 87 отсто жени.

Државната изборна комисија (ДИК) исто така соопшти дека за првпат на овие избори ќе се користат читачи на отпечатоци од прст.

- Политички партии и коалиции кои учествуваат на изборите

Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на чело со премиерот Зоран Заев, на овие избори учествува под мотото „Најдоброто за мојата општина“, додека главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ под мотото „Создади нова иднина“.

Што се однесува до албанскиот политички табор, Демократската унија за интеграција (ДУИ) учествува под мотото „Дејствувај правилно, гласај зелено!“, Алијансата за Албанците е во коалиција со партијата Алтернатива под мотото „Чисто“, додека Движењето БЕСА под мотото „Со сѐ што имаме“.

Карактеристика на овие локални избори се и двете меѓуетнички предизборни коалиции: СДСМ, ДУИ и БЕСА од една страна и ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата за Албанците и Алтернатива од друга страна.

На денешните локални избори учествуваат и турските политички партии во Северна Македонија и тоа, Демократската партија на Турците (ТДП), Партијата за движење на Турците (ТХП) и Турското движење за национално единство (ТМБХ), кои во одредени општини се натпреваруваат со свои кандидати за градоначалници и кандидати за општинските совети.

Демократската партија на Турците (ТДП) изборната кампања ја водеше со слоганот „Секаде сме, со вас сме“, Партијата за движење на Турците (ТХП) „За вас, еден од вас“, додека Турското движење за национално единство (ТМБХ) со слоганот „24 часа ви стоиме на располагање“.

За денешните локални избори се акредитирани 1.045 набљудувачи и преведувачи од кои 714 се домашни, а останатите странски набљудувачи.

Вчера во сабота, своето право на глас го користеа и гласаа лицата во казнено-поправните установи, внатрешнораселените лица, како и лица со попреченост и болните лица.

Вториот круг од изборите е закажан за после две недели на 31 октомври, во недела.

Доколку не се добијат повеќе од 50-отсто од гласовите во првиот круг, двајцата кандидати со најмногу освоени гласови ќе се натпреваруваат во вториот круг.

Инаку, првите локални избори во Република Северна Македонија беа одржани во 1990 година, додека денешните локални избори се седмите локални избори по ред.

 



Слични вести