Турскиот јазик ќе се изучува во белградската Филолошка гимназија, едната од најстарите гимназии на Србија

Помеѓу Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ) во Белград и белградската Филолошка гимназија, едната од најстарите и најугледните школи на Србија е потпишан протокол за соработка за воведување на турскиот јазик како факултативен предмет во наставата

1720454
Турскиот јазик ќе се изучува во белградската Филолошка гимназија, едната од најстарите гимназии на Србија

Турскиот јазик ќе се изучува во белградската Филолошка гимназија, едната од најстарите и најугледните школи на Србија.

Помеѓу Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ) во Белград и белградската Филолошка гимназија, едната од најстарите школи на Србија е потпишан протокол за соработка за воведување на турскиот јазик како факултативен предмет во наставата.

Како што се истакнува, во рамките на протоколот ќе бидат одржани бројни културни манифестации како што се конференции, семинари, ателјеа за преведување и изложби во гранките на турскиот јазик, културата и различни други уметнички гранки.

Директорката на Институтот „Јунус Емре“ (ЈЕЕ) во Белград Ајшенур Кандемир на церемонијата на потпишување на протоколот што се одржа во главниот град на Србија, Белград, истакна дека курсевите за јазик се значајни за афирмирањето на турската култура и меѓусебното запознавање на различните култури.

Директорката на белградската Филолошка гимназија Драгана Чечез Иљукиќ истакна дека турскиот јазик ќе се изучува како 15-ти странски јазик во склопот на гимназијата и дека учениците чувствуваат задоволство од тоа што ќе се запознаат со еден нов јазик и една нова култура.

Како што се истакнува, предметите по турски јазик со физичко присуство, лице в лице, во белградската Филолошка гимназија за коишто постои големо интересирање, ќе започнат од идната недела.



Слични вести