На локалните избори во Северна Македонија гласаат затворениците, заразените со Ковид-19 и старите лица

На локалните избори во Северна Македонија денеска гласаат лицата во казнено-поправните установи, внатрешнораселените лица, старите и изнемоштени лица, болните од Ковид-19 и оние во изолација

1720596
На локалните избори во Северна Македонија гласаат затворениците, заразените со Ковид-19 и старите лица

Гласањето за локалните избори во Северна Македонија започнува денеска со гласањето на лицата во казнено-поправните установи, внатрешнораселените лица, старите и изнемоштени лица, болните од Ковид-19 и оние во изолација.

Со предизборниот молк што започна на полноќ, заврши и кампањата на политичките партии за локалните избори што треба да се одржат утре.

Заразените со коронавирусот кои сакаат да го искористат своето право на глас и кои претходно се пријавиле до општинските изборни комисии за тоа, ќе бидат посетени од посебен избирачки одбор составен од здравствени работници. Претходно, Општинската изборна комисија по службена должност собира податоци од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за лицата кои се пријавени за гласање.

Утре ќе се одржи првиот круг од локалните избори, на кои граѓаните ќе изберат градоначалници на 80 општини и членови на општински совети, како и градоначалник на Град Скопје и членови на Градскиот совет.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 31 октомври.

Право на глас избори имаат 1.824.864 лица кои ќе можат да изберат помеѓу 303 листи на градоначалници и 567 листи за советници.

Ова се седми локални избори во Северна Македонија, а првите локални избори беа одржани во 1990 година. (Агенција Анадолија-АА)



Слични вести