На грчкиот остров Крит евидентиран силен земјотрес со јачина од 6,3 степени

Атинскиот геодинамички институт соопшти дека во 12.24 часот по локално време во областа Ласити на островот Крит е евидентиран земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер

1718464
На грчкиот остров Крит евидентиран силен земјотрес со јачина од 6,3 степени

Во областа Ласити на грчкиот остров Крит се случи силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтер.

Атинскиот геодинамички институт соопшти дека потресот е евидентиран во 12.24 часот по локално време на длабочина од 8,2 километри.

Засега не е објавено било какво соопштение во врска со тоа дали во земјотресот има загинати и повредени или дали е причинета материјална штета.

Земјотресот бил почувствуван и на егејските крајбрежја на Турција.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека потресот бил почувствуван многу силно и траел неколку секунди.

Грчката државна телевизија ЕРТ исто така информира дека потресот бил силно почувствуван и на Дванаесетте острови и на групата острови Киклади.

 



Слични вести