Во Белград започна Самитот на Движењето на неврзаните земји

На Самитот на Движењето на неврзаните земји во Белград чии домаќини се Србија и Азербејџан како привремен претседавач присуствуваат делегации на 105 земји, 9 меѓународни организации и министри за надворешни работи на 40 земји

1717945
Во Белград започна Самитот на Движењето на неврзаните земји

Во главниот град на Србија, Белград започна дводневниот Самит на Движењето на неврзаните земји на 60-годишнината од формирањето во 1961 година под водство на тогашна СФРЈ (Социјалистичка Федеративна Република Југославија), во период кога светот почна да се поделува на блокови, на Исток и Запад.

Азербејџнаскиот претседател Илхам Алиев кој ја извршува должноста генерален секретар на Движењето на неврзаните земји и привремен претседавач во говорот што го одржа на отворањето на самитот преку видео-конференција, привлекувајќи внимание дека се приемнува двоен стандард во борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус и вакцинирањето го рече следното: „Оваа состојба не се поклопува со меѓународното право и одлуките. Ние како Движење на неврзаните ќе водиме борба за глобално вакцинирање.“

Алиев, исто така потсети дека Ерменија минатата година ја нападна неговата земја и го додаде следното: „Ние го браневме нашиот територијален интегритет и нашиот суверенитет. Азербејџан ќе ги продолжи своите активности за зголемување на солидарноста во движењето.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во својство на домаќин во својот говор што го одржа на отворањето на Самитот на Движењето на неврзаните земји по повод 60-годишнината од основањето, истакна дека меѓународната соработка е единствениот пат кон севкупната благосостојба и придобивка за човештвото и дека Србија верува во мултилатерализмот.

Велејќи дека за Србија најзначајното во продлжувањето на соработката е мирот, Вучиќ рече: „Белград секогаш бил точка на спојување на Исток и Запад. Многу сум радосен поради тоа што и денеска сме домаќини на еден таков самит.“

Вучиќ рече дека желбата на Србија е да оддаде почест на Движењето на неврзаните кое настанало за време на блоковските поделби и во кое немало место за доминацијата на една држава врз друга.

Тој истакна дека се надева дека нема да зборува само за минатото, туку и за иднината и дека верува дека светот на дијалогот и мирот е можен.

„Не би требало да ја заборавиме главната улога што Движењето на неврзаните ја одигра во зачувувањето на мирот во светот. Покрај сите подеми и падови, историјата на Движењето на неврзаните е успешна приказна“ - рече Вучиќ.

Како што наведе, Движењето тргнало со идејата за иднина на еднакви земји, каде истите права се применуваат за сите.

„Правото да се одлучи за сопствената судбина не е грев, туку право кое мора да им припаѓа на сите, без оглед на силата, богатството и моќта што ја имаат.“ - порача Вучиќ.

Тој кажа дека е неопходно да се работи на јакнење на мултилатерализмот и дека „ниту една држава не е изолирана и самодоволен остров“.

„Србија никогаш нема да го сврти грбот на пријателите“ - порача српскиот претседател Александар Вучиќ и укажа на идејата за основањето на Движењето на неврзаните, дека мирот не може да се постигне со поделби, туку со спречување на доминацијата на една држава врз друга.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес, во својот говор исто така нагласи дека Движењето на неврзаните земји одигрува клучна улога во светот и рече: „Глобалната ваккцинација во борбата против епидмеијата на Ковид-19 што ја брани движењето, ја поддржуваме и ние. Сакаме да бидат вакцинирани сите граѓани во светот.“

Велејќи дека треба да им се дава поддршка на земјите и во климатските промени и уништувањето на нуклеарното оружје, Гутерес посака соработката меѓу земјите во светот да биде поактивна и посилна.

Инаку, Самитот на Движењето на неврзаните земји се одржува денеска и утре (11 и 12 октомври, вторник и среда).

Домаќини на самитот се Србија и Азербејџан како привремен претседавач, додека присуствуваат делегации на 105 земји, 9 меѓународни организации и министри за надворешни работи на 40 земји.

На самитот во својство на почесен гостин учествува и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Гостите во Белград беа пречекани од страна на министрите за надворешни работи на Србија и Азербејџан, Никола Селаковиќ и Џејхун Бајрамов.

На дводневниот самит на Движењето на неврзаните земји нема да бидат донесени никакви одлуки, туку овој собир претставува начин да се одбележи 60-годишнината од првата конференција на Движењето на неврзаните што беше одржана на 1 септември 1961 година во Белград.

 



Слични вести