Чавушоглу се состана со претседателот на Националното Собрание на Србија Ивица Дачиќ

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на својот профил на Твитер напиша: „Чувствувам задоволство од тоа што макар и за кусо повторно се состанав со претседателот на Националното Собрание на Србија Ивица Дачиќ“

1718053
Чавушоглу се состана со претседателот на Националното Собрание на Србија Ивица Дачиќ
cavusoglu.jpg

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, во рамките на своите билатерални средби и разговори коишто ги остварува во главниот град на Србија, Белград кадешто престојува по повод Самитот на Движењето на неврзаните земји на 60-годишнината од формирањето, се состана и со претседателот на Националното Собрание на Србија Ивица Дачиќ.

Чавушоглу во објавеното соопштение на својот профил преку социјалната мрежа Твитер, во врска со остварената средба со Дачиќ го напиша следното: „Чувствувам задоволство од тоа што макар и за кусо повторно се состанав со претседателот на Националното Собрание на Србија Ивица Дачиќ. Го поканив на Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ).“

 



Слични вести