Словенија: Средба на Меркел, Макрон, Курти и Вучиќ

За време на состанокот, тие разговараа за важноста на Берлинскиот процес и одржлива регионална соработка, како и за слободата на движење и признавање на дипломите меѓу Косово и Србија.

1716512
Словенија: Средба на Меркел, Макрон, Курти и Вучиќ

Мултилатерална средба помеѓу германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ се одржа на маргините на Самитот на Европската унија и Западен Балкан во Брдо кај Крањ (Словенија).

Владата на Косово соопшти дека за време на средбата се разговарало за важноста на Берлинскиот процес и одржливата регионална соработка во корист на подобрување на регионот на патот кон Европската унија.

Курти ја повтори поддршката на договорите во кои шесте земји од Западен Балкан се третираат како еднакви и каде што граѓаните се крајни корисници.

Тема на разговор беше и слободата на движење и признавање на дипломите меѓу Косово и Србија.



Слични вести