Татар: Разговорите ќе ги започнеме доколку биде прифатена нашата суверена еднаквост

По остварената средба во Генералното седиште на Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД), претседателот Татар одржа состанок за претставниците на печатот во „Турскот дом“ (Туркеви)

1711404
Татар: Разговорите ќе ги започнеме доколку биде прифатена нашата суверена еднаквост

Претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар се состана на тројна средба со генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес и лидерот на Јужната кипарско-грчка управа Никос Анастасиадис.

По остварената средба во Генералното седиште на Организацијата на обединетите нации (ООН) во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД), претседателот Татар одржа состанок за претставниците на печатот во „Турскот дом“ (Туркеви).

Овде, Татар истакна дека доколку бидат прифатени суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) можат да ги започнат официјалните разговори.

„Суверената еднаквост и признавањето се нашето право. На тој начин можеме да гледаме напред. Она што треба да го правиме сега е да ги одбраниме правата на кипарскиот турски народ. Ќе ја искористиме секоја прилика за разгледување на патиштата за во иднина.“ - рече Татар.

Велејќи дека поради тоа што не произлезе одреден резултат од разговорите коишто се водат веќе 60 години истите тие разговори не можат да се продолжат со ист начин на сфаќање, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар рече: „За да би можело да се постигне соодветен договор со соработка на две одделни држави кои живеат една покрај друга и се потпираат на суверена еднаквост, ние тоа им го објаснивме ѝ на спротивната страна (кипарско-грчката страна) ѝ на генералниот секретар.“

Татар напомена дека можат да ги започнат официјалните разговори доколку бидат прифатени суверената еднаквост и еднаквиот меѓународен статус на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

 



Слични вести